Владата, на вчерашната седница, по предлог на министерот за здравство Венко Филипче, го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и средните училишта.
Овие средства, како што најави министерот Филипче, денес ќе почне да се дистрибуираат по училиштата.
Владата го задолжила Министерството за здравство да набави две термални камери, за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и за Министерството, како и лична заштитна опрема за Министерството за здравство и другите институции вклучени во активностите во врска со коронавирусот.
Инаку, досега сите резултати од тестовите за коронавирус направени кај луѓе што се водат како ризични случаи се негативни, а состојбата на болната 50-годишна жена е подобра.