Игротека

За цел свет е англиска кралица, а за нив баба! Што доаѓа прво, протоколот или блискоста?

Со четири деца, осум внуци и десет правнуци, кралицата Елизабета Втора знае како е да се биде баба. Но, како изгледа да се има владејачки монарх за баба?

Овие цитати и анегдоти на членовите на кралското семејство низ годините даваат вистинска слика за тоа. Принцезата Евгенија често ја споменуваше нејзината блиска врска со кралицата, па рече дека покрај нејзините родители и сестра ѝ, принцезата Беатрис, меѓу единствените луѓе на кои им кажала за свршувачката била и нејзината баба.

Според кралскиот биограф Карен Долби, младиот принц Вилијам еднаш збунил гостин во Бакингемската палата кога паднал и почнал да плаче и да вика: „Гери, Гери!“

Гостинот прашал: „Кој е Гери?“, на што кралицата истрчала да го крене својот внук одговарајќи: „Јас сум Гери. Тој уште не знае како да каже баба.“

– Таа сака да знае за сите добротворни организации што ги поддржуваме, како ни оди бизнисот – вели принцот Хари и додава дека кралицата е заинтересирана за тоа што прават членовите на семејството.

Војвотката од Кембриџ алудираше на љубезната, дарежлива природа на нејзиното височество во документарниот филм од 2016 година „Нашата кралица во 90-тите“. Зборувајќи за односот на нејзините деца со нивната прабаба или Ган Ган, како што тогаш ја нарекуваше принцот Џорџ, Кејт го откри слаткиот кралски ритуал.

– Секогаш кога остануваме кај неа, таа остава мал подарок за Џорџ и Шарлот во нивните соби, што само ја покажува нејзината љубов кон семејството – објаснува Кејт.

Таа можеби е монарх, но како што вели принцот Хари: – Зад затворени врати таа ни е баба.

Сепак, односот меѓу кралицата и нејзините внуци е многу повеќе од однос на почит и достоинствено однесување.

– Сè уште мислам дека таа е само мојата баба, навистина. Порано бев малку дрзок внук, како брат ми, но се сеќавам дека секогаш ја почитував баба ми – вели принцот Вилијам.

Нивната врска е толку силна, што таа не изразила огорченост кога Хари и Вилијам решиле да се пошегуваат со неа. Кога и таа, како и сите баби, имала потреба од помош во технологијата, ги замолила нејзините внуци да ѝ стават телефонска секретарка.

Момците го доживеаја тоа како возбудлива можност да се шегуваат со кралицата. Заедно дошле до брилијантна идеја да снимат духовит поздрав на нејзината телефонска порака.

Весникот „Дигитал журнал“ ја цитира пораката во нејзината оригинална форма: „Еј, што има… Ова е Лиз. Извинете, далеку сум од тронот. За линијата за итни случаи за Филип, притиснете еден. За Чарлс, притиснете два. А за коргите, притиснете три.“

На кралицата на почетокот не ѝ била забавна шегата, но не се налутила. Таа само прашала колку луѓе ја слушнале нејзината порака. За работите да бидат уште посмешни, сите повици тој ден беа од дипломатски карактер.

Елизабета II им дозволила на Хари и Вилијам да се извлечат со некои духовити подвизи, така што нивната врска не се разликува многу од која било друга врска меѓу баба и внук.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top