Воспитување

За татковците: Како да ѝ помогнете на вашата тинејџерка подобро да се согласува со мајка ѝ?

Кога девојчето ќе влезе во пубертет, речиси гарантирано нејзиниот однос со мајката ќе се влоши. Таквата врска обично е добар знак за нормален развој, иако често знае да биде болна точка за родителите. Но, добрата вест е дека татковците во овој случај имаат уникатна позиција за да ги намалат тензиите помеѓу мајката и ќерката-тинејџер, вели доктор Дејна Дорфман од САД, семеен терапевт и терапевт за тинејџери, со искуство од 30 години.

– Од емоционална гледна точка, има две примарни цели кои адолесцентите се обидуваат да ги постигнат: емоционална сепарација од родителите и развивање на сопствениот идентитет. Поради сличноста во родот, девојчињата се идентификуваат со своите мајки во поголемиот дел од времето. Па често интензитетот со кој се обидуваат да ослободат себеси е насочен кон нивните мајки на специфичен начин – вели д-р Дорфман.

Што можат да направат татковците за да помогнат во решавањето на конфликтот?

Прво, татковците треба да ги потсетат мајките дека барем дел од причините поради кои ќерките имаат нападен однос е затоа што се чувствуваат безбедно дома. „Многу пати, родителот, особено мајката, е најбезбедниот примач на ваквите чувства“ – вели Дорфман.

Како да ѝ помогнете на вашата тинејџерка да се согласува со мајка ѝ

1. Запомнете дека тоа е сосема нормален дел од развојот на еден тинејџер, иако изгледа навистина лошо, а и поради родовата сличност, вашата ќерка почесто ќе ја напаѓа мајката.

2. Запомнете дека ќерките напаѓаат затоа што се чувствуваат безбедни со своите мајки и безбедни во домот. Потсетувајте ја мајката на ова.

3. Кога ќерката-тинејџер реагира, мајката и таткото не треба веднаш да вратат со реакција. Останете смирени. Ако секој родител реагира и се соочува со ќерката, тоа доведува до кавга, па тогаш треба да ѝ се извинат на својата ќерка.

4. Кога ќе се смират страстите, разговарајте со својата ќерка за нејзините чувства. Не застанувајте на нејзина страна, но имајте емпатија. Да се биде тинејџер е тешко.

5. Иако треба да останете смирени во кавгите и при кажувањето аргументи, треба да имате цврсти граници околу тоа што ќе толерирате, а што не. Да се биде смирен родител не значи дека треба да толерирате непочитување.

6. Да се биде мајка на тинејџерка е тешко. Направете сè што можете за да се осигурате дека мајката се грижи за себе, така што ќе ја изведете на состанок, таа ќе излегува со пријатели, доволно ќе вежба и ќе поминува доволно време кога не е загрижена за мајчинството.

Уште повеќе, таткото може да помогне така што ќе понуди одмерени реакции на емоционалните испади на својата ќерка. Ова е моделирање на одлично однесување за сите вклучени, но особено за мајките кои никогаш не треба да се спротивставуваат на емоциите на ќерките.

– Мајката и таткото не треба да подлегнуваат на провокации. Сето ова е полесно да се каже отколку да се направи, но не е задача на родителите да ги апсорбираат чувствата на децата. Ако ќерката е безобразна и има бурна реакција, родителите треба да останат смирени. Но, доколку дојде до кавга, тогаш треба да има извинувања и од двете страни. Тоа им покажува на тинејџерите дека родителите исто така водат сметка за сопственото однесување – вели Дорфман.

Таа забележува дека татковците исто така треба да знаат дека интервенирањето при кавга може да не резултира онака како што сакаат. Всушност, најдобро време да се разговара и со ќерката и со мајката за што и да е што ги мачи е откако страстите ќе се смират и секој ќе има можност да седне и да размисли. Тоа е времето кога таткото може да даде им поддршка и на сопругата и на ќерката. Но, потребни се финеси. Нема ништо добро во тоа таткото да застане на страната на ќерката, бидејќи така може да го минимизира авторитетот на мајката. Но, генерално тинејџерките само сакаат да почувствуваат дека се слушнати, а татковците можат да бидат тие што ќе ги слушнат.

– Ако ќерката му се жали на таткото за својата мајка, тогаш таткото треба да каже: Тешко е да се биде тинејџер. Знам дека е фрустрирачки за тебе да ти биде кажувано што да правиш. Тоа значи дека таткото ниту се согласува ниту не се согласува со неа – едноставно се рефлектира на нејзината фрустрација, а тоа може да биде од голема помош, а и да ги валидизира чувствата на ќерката – вели Дорфман.

Исто така, таткото треба да зборува со мајката откако ќе заврши кавгата, настрана од својата ќерка. Валидизирањето на партнерот и давањето поддршка ќе помогне мајката да не се чувствува дека се бори со ќерката сама. Да се биде поддржувачки сопруг и да се презентира заеднички „фронт“ е многу важно. Исто така, важно е родителите да имаат поставено граници во врска со она што ќерката може да им го каже. Само затоа што тинејџерката поминува низ тешки развојни промени, не значи дека родителите треба да бидат „боксерска вреќа“.

– Од голема помош е кога родителите нема да ги сфатат конфликтите лично. Тоа е дел од процесот на нивното дете. Тоа не значи дека треба само да се тргнат и да апсорбираат, или да прифатат или не почитуваат. Мајката и таткото треба да знаат кои се границите. Тие треба да ги дефинираат и засилат за очекувањата да бидат јасни – вели Дорфман. Ова им покажува на децата дека родителите ја почитуваат својата личност и нема да толерираат непочитување или злоупотреба. Децата мора да го согледаат тоа.

Автор: Лизи Френсис

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top