Секој родител го сака најдоброто за своето дете – некои затоа работат по цел ден, за да можат да му обезбедат сè што ќе посака, а други пак, сакаат нивните деца да бидат дисциплинирани и фокусирани на големи цели и достигнувања. Трети им даваат на децата избор и ги учат сами да одлучуваат што е најдобро за нив.

Но, на крајот, сите имаат барем една заедничка работа – кога би можеле да се вратат во минатото, би промениле некои работи. Ако сѐ уште имате релативно мало дете и успевате да не направите некои грешки, погледнете за што најмногу жалат родителите чии деца веќе пораснале и повеќе не им требаат на ист начин.

Што не уживале доволно во комуникацијата со детето

Додека е мало, на детето му треба постојан контакт со возрасните. Сепак, на родителите им е потребна и комуникација со другите возрасни лица, а и време за себе. Денешните родители имаат помалку време за тоа, па ќе извршуваат други работи додека детето си игра. Но, ако ви стане навика, во одреден момент може да забележите дека детето веќе доволно пораснало и не сте му потребни како порано.

Бидејќи времето не може да се врати, обидете се да бидете вистински блиски со вашето дете, не само физички, туку и психички. И уживајте во заедничките моменти.

Што не го прегрнувале доволно

Сигурно е познато дека гушкањето добро влијае врз емоционалното здравје. А покрај тоа што гушкањето има многу добри страни, секој ќе признае дека ужива да го гушка своето дете. Некои родители следат нешто што слушнале, па на пример избегнуваат да го гушкаат своето дете затоа што некој им рекол дека така „ќе го разгалат“, дека детето ќе се навикне на тоа и слично. А вистината е дека речиси е невозможно прегратката да има негативни страни.

Детето ќе порасне и нема да сака веќе да го прегрнувате, многу порано отколку што очекувате. Затоа таквите моменти додека детето е малечко се скапоцени.

Што не го фотографирале или снимале доволно

Секако, тоа што не го фотографирате често вашето дете нема да остави никакви последици. Сепак, многу е веројатно дека некогаш во иднина ќе сакате да се потсетите на драгоцените моменти што сте ги поминале заедно кога детето било мало, или да му ги покажете на сега веќе пораснатото дете.

Тешко дека некој некогаш ќе посака да гледа видео од огнометот што го видел во живо, но првите чекори на своето дете веројатно ќе посака. И без оглед на целата достапна технологија, прелистувањето на фотоалбум сепак има одреден шарм.

Што не ги запишале првите зборови на детето

Тоа е „само“ убав спомен. Се разбира, можете да живеете без него, но сепак е многу поубаво да ги запишете тие зборови и понекогаш да се потсетите. Или да се смеете заедно со децата на нив подоцна.

Што не играле доволно креативни игри со децата

Никој не тврди дека ако си играте со нив доволно креативно, детето ќе стане уметник. Но, сигурно дека би можело. Прво, ако го вклучите вашето дете во неколку различни креативни активности, подобро ќе разберете што му се допаѓа и за што го бидува, па можете да го насочите да се развива подоцна во таа насока.

Второ, секоја активност, како што е гласно читање со детето или играње со играчки и измислување приказни, ја развива неговата интелигенција и вокабулар. И што е најважно, тоа ќе ја зајакне врската меѓу вас, што само по себе е доволно добра причина за да се применуваат овие работи. Некои родители подоцна жалат што не забележале дека нивното дете е талентирано за нешто, особено кога станува збор за работи кои можат да се забележат веќе на рана возраст.

Што биле премногу строги

Едно е да предупредувате некого дека прави нешто погрешно, а друго е постојано да му држите предавања и да му досадувате. Популарен мит е дека колку повеќе се очекува од детето, толку ќе биде поуспешно, бидејќи може да се случи токму спротивното. Поради преголеми очекувања, детето подоцна може да има проблеми во однесувањето и ниска самодоверба. И секако тоа ќе влијае врз вашиот однос со него.

Казната за лоша оценка може да биде и штетна, па некои деца поради тоа ќе бидат уште полоши ученици. Експертите предупредуваат дека казните треба да се применуваат само за суштински нешта, а меѓу нив не спаѓа единицата на училиште или скршено стакло.

Извор



912

X