Анкета спроведена на 2.000 родители покажа дека повеќе од половината од нив се загрижени за развојот на своето дете ако не забележат дека достигнало одредени фази до првиот роденден – на пример, изговарање на првите зборови.

Податоците на „Саут вест њуз сервис“ открија дека 69 отсто од родителите се грижат ако нивните деца не усвоиле некои вештини до одредена возраст бидејќи мислат дека тоа е резултат на нивните слаби способности во воспитувањето и грижата за детето. 29 отсто од нив се плашат затоа што нивните деца не одат, не јадат сами или не се смеат до одредена возраст.

Три четвртини од новите родители велат дека сигурно знаат кога децата треба да ги достигнат своите пресвртници. Сепак, 44 отсто од испитаниците рекле дека нивните деца треба да можат да се превртуваат на страна помеѓу 0 и 3 месеци, додека експертите велат дека повеќето деца ја развиваат таа вештина на околу 4 месеци.

Ова не значи дека родителите не истражуваат и не користат различни ресурси со информации

Родителите главно се свесни кога детето треба само да седи, да пие од сламка, кога треба да му растат забите и кога треба да почне да се смее.

74 отсто од родителите се обидуваат да го поттикнат развојот на своето дете со едукативни играчки.

38 отсто од испитаниците, исто така, рекле дека купуваат играчки кои го поттикнуваат нивното дете да се движи. Бебешките играчки се дизајнирани да ги ангажираат децата преку љубопитност и игра во повеќе фази на развој, така што родителите можат да поминуваат повеќе време фокусирајќи се на поврзување со своето бебе преку игра. Сепак, играчките за бебиња не се само за игра, туку се и одлична опција за родителите кои сакаат да му помогнат на своето дете да ги достигне своите пресвртници.

Родителите генерално знаат што е добро за нивните деца, но 57 отсто признале дека ги нервираат играчките што имаат премногу делови, додека 55 отсто рекле дека звучните играчки ги полудуваат.

Извор



912

X