Општина Аеродром од оваа година ќе исплаќа еднократна парична помош од 8.000 денари за секое новороденче, информираат оттаму. Субвенцијата за секое новороденче досега изнесуваше 5.000 денари.

– Во буџетот за 2020 година предвидовме зголемување на поддршката за новороденчињата со цел да им ги олесниме трошоците на граѓаните и на тој начин да создадеме подобра иднина за сите – изјави градоначалникот Златко Марин.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2020 година на подрачјето на Општина Аеродром. Формуларот може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром.



912

X