Игротека

Порака од татко за разведените во време на коронавирус: Ние одлучивме што ни е најважно – НАШЕТО ДЕТЕ

Додека луѓето што се разведуваат и му ставаат точка на својот брак во повеќето случаи се концентрираат на кавги, расправии и докажување, децата најмногу страдаат. Особено сега, во време кога изолацијата и социјалната дистанца се клучни, многу разведени парови се соочуваат со проблемот кај кого ќе остане детето. Поради тоа, еден татко од Хрватска решил да им порача на сите што е најважно во целата приказна.

„Поздрав до сите! Ете, во ова страшно и ненормално време што ја снајде нашата земја и главниот град, би сакал да споделам со вас и нешто позитивно. По повеќе години поминати по судови, социјални служби, пријави, надзор и сите грди работи што ги прават личностите кои се во конфликт поради развод, ние одлучивме што ни е најважно – НАШЕТО ДЕТЕ“, почнува искрената приказна за разводот на овој татко.

„Со заедничка одлука, детето ќе биде со мајката 14 дена, а потоа со таткото другите 14 дена заради времена инкубација од овој вирус, кој нè затвори во нашите домови и ни ја одзеде слободата. Не можам да ви опишам колку сум горд на одговорноста и позитивната одлука на поранешната сопруга, која прифати нашето злато сепак да биде поважно од сите наши несогласувања и ситуации што се случуваат околу нас. Детето е пресреќно и весело, а верувајте ми – ужива во секој момент поминат со двајцата родители. Се разбира, секој ден правиме видеоповик со другиот родител за да можеме да си помагаме во комуникацијата. Сакам на сите да ни бидат најважни децата, бидејќи така создаваме млади и способни луѓе кои еден ден ќе бидат дел од подобар свет кој го оставаме за нив“, продолжува таткото.

„На овој начин би ги поздравил сите родители што во најлошото пронашле сила да ги разрешат несогласувањата и дилемите и заедно почнале да соработуваат во однос на растењето и воспитувањето на заедничкото дете. Ние покажавме зрелост, а се надевам дека тоа ќе го сторите и вие. Заборавете ги омразата, љубомората и сите лоши чувства и ставете го на прво место она што ни е најважно и најмило… НАШИТЕ ДЕЦА“.

Со потписот: Тато Ј, овој човек решил да ги поздрави сите родители што се во состојба, заради детето, да заборават на омразата, љубомора и лошите работи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top