Мислиме дека имаат дадилки, многу пари и дека можат да прават што сакаат, и без оглед на обврските како мајка, можат да продолжат да ја градат нивната кариера. Но, за овие холивудски ѕвезди, мајчинството е приоритет, па затоа некое време одлучија целосно да ѝ се посветат на оваа улога.

Да се најде совршена рамнотежа помеѓу мајчинството и работните обврски е тешка задача. И додека некои родители успеваат да ги реализираат двете, има и такви што ја напуштиле работата за да се грижат за своите деца. Некои од најголемите холивудски ѕвезди ја донесоа оваа одлука.

Попи Монтгомери сака да биде мајка повеќе од една минута

Попи Монтгомери е мајка на три деца и е во втор брак од 2014 година, во кој роди син и ќерка. Кога се роди нејзиниот втор син Гас Монро, таа работеше напорно за да одржува рамнотежа помеѓу глумата и улогата на мајка. Кога заврши снимањето на серијата „Траги на злосторството“, таа одлучи да се посвети на мајчинството.

– Кога го родив синот, бев отсутна во првата година од неговиот живот. Сега одлучив да издвојам време и да бидам мајка.

Селма Хаек не сака да ги пропушти моментите со саканите

Мексиканската актерка Селма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино ја имаат 13-годишна ќерка Валентина Палома Пино. Хаек во повеќе наврати изјави дека е среќна што ја родила во подоцнежните години за да може да ѝ се посвети и да се фокусира на тоа да биде мајка.

– Кога си млад и имаш деца, сакаш да се докажеш. Кога ќе родиш дете во подоцнежни години, ја губиш потребата од тоа – изјави таа за списанието „Мари Клер“.

Џенифер Гарнер живее две крајности, но најдобро ѝ е да биде мајка

Џенифер Гарнер е уште една славна личност која јавно зборуваше за проблемите со кои се соочуваше додека се обидуваше да балансира помеѓу родителството и кариерата. Џенифер има три деца со поранешниот сопруг Бен Афлек, со кого се разведе во 2018 година.

Гарнер објасни дека постојано води внатрешна борба затоа што чувствува дека треба да работи, но исто така знае дека треба да биде дома со своите деца. Открива дека живее две крајности, едната во која е само мајка, а другата во која е актерка со полно работно време.

Ума Турман сериозно размислувала да се откаже од актерството

Ума Турман има три деца од два брака, а кога станала мајка, сфатила дека ќе ѝ биде исклучително тешко да се врати на актерството, па размислувала да се откаже.

– Обожавам што сум мајка. Тоа е најдобриот подарок што некогаш сум го добила. Кога имате деца, тоа целосно го менува вашиот живот – изјави таа за списанието „Кандис“. Таа призна дека размислувала да се откаже од глумата поради мајчинството.

– Но, многу го сакам она што го работам, така што не можев – изјави таа.

Наместо тоа, таа се бори да воспостави рамнотежа меѓу овие две нешта.

Мег Рајан се откажа од славата за да се фокусира на мајчинството

Мег Рајан е во брак со Денис Кваид. Тие имаат син, но подоцна сфатила дека сака да има повеќе деца, па во 2006 година ја посвои 14-месечната Дејзи Тру.

Поради децата Рајан го напушти Холивуд, па избегнува доделувања награди, црвени теписи, а од 2013 година престана да дава интервјуа.

Синот на Џесик Бил барал големо внимание

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк се едни од најмоќните холивудски парови и се родители на синот Силас Рандал. Обожавателите на Бил забележаа дека таа се повлече од глумата кога стана мајка.

– Мислите дека сте несебична личност и тогаш сфаќате дека не сте. Овие мали луѓе влегуваат во нашите животи, барајќи многу внимание, твојот распоред не е само твој, ниту е поважен и многу е јасно дека сè се врти околу ова мало момче – изјави таа.

На Деми Мур ѝ е важно да има одличен однос со децата

Деми Мур има три деца со поранешниот сопруг Брус Вилис. Иако има успешна кариера, една од работите што најмногу ги сака е да поминува време со своите ќерки.

– Една од моите цели беше да изградам однос со децата заснован на љубов за моите деца и како возрасни да сакаат да ги споделат нивните животи со мене. Ако не ги поставам темелите сега, нема да ги поставам ни подоцна.

Извор
Фотографии: Instagram



912

X