Поранешната српска манекенка и кошаркарка Наташа Вукоје го очекува второто дете со сопругот, шпанскиот спортски експерт Хорхе Мендез. По нејзината кариера како манекенка, Наташа станала јога-инструкторка, а на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 21.000 луѓе.
Сега, кога е трудна по втор пат, одлучи да објави различен пост од оние што обично ги објавува.
– Драги мои, а малку да зборуваме за она за кое најчесто не се зборува на „Инстаграм“? – ја почна објавата со фотографија од на плажа, објаснувајќи дека постојат теми што се прескокнуваат.
– Имам чувство како често да ја забораваме реалноста или за неа не зборуваме, па мислиме дека кај друг е подобро отколку кај нас. Веднаш ви кажувам, јас на мојот профил ставам фотографии што мене ми се допаѓаат и верувам дека секогаш ќе има повеќе насмеани отколку сериозни… Но, тоа никако не значи дека во мојот живот нема сериозни, тажни, тешки ситуации… – напиша таа и ја отвори темата за бременост.
– Дали знаете дека во првата бременост се здебелив 22 килограми?
– Дали знаете дека брадавиците толку ме печеа и крвавеа на почетокот на доењето, но јас бев тврдоглава како магаре и не сакав да се откажам?
– Дали знаете дека имав хормонско нарушување во првата бременост, што предизвика целото лице да ми биде прекриено со акни?
– Мислите дека сето ова не ми поминуваше низ глава на почетокот од втората бременост?
– Дали знаете дека имам проширени вени? Сега во бременоста гледам дека се шират уште повеќе и на левата нога пукаат капиларите. Дури и целулитот повеќе се врзува на левата нога отколку на десната, токму поради тој проблем.
И затоа ви велам, не судете им на луѓето според фотографиите. Нема да ви ги покажам моите вени, капилари и целулит бидејќи мислам дека нема потреба, но го имам сето тоа. Не споредувајте ги животите со другите бидејќи можеби имате богатство што тие го немаат.
Бременоста е дар и телото се менува, како составен дел од тој дар. Дали ќе се здебелите? Да! Дали ќе ослабите? Да. Не малтретирајте се себеси споредувајќи се со другите што се здебелиле 7 килограми и велат дека тоа е прекрасно. За нивното тело можеби да, за вашето не. Внимавајте на себе, на вашите потреби. Ниеден организам не е ист, и сите ние во различни ситуации различно реагираме.
Убаво е да гледате во некого и да му се восхитувате, но не и да се малтретирате споредувајќи се со другите. Целта на бременоста не е што помалку да се здебелите, туку да бидете здрава мајка, која ќе биде задоволна и среќна на своето дете да му го овозможи најдоброто – напиша Наташа во нејзиниот реален, некласичен инстаграм-пост со кој сакала да ја разбие монотонијата на идеалноста за која искрено вели дека не постои.
912