Во САД денеска се прославува Ноќта на вештерките, па децата низ цела земја се подготвуваат за овој празник избирајќи ја маската во која ќе бидат маскирани.

Во последните неколку години во пораст се инклузивните костими за Ноќ на вештерките за децата со инвалидитет кои совршено трансформираат.

Оваа година компанијата „Таргет“ промовира нова линија на маски за Ноќ на вештерките приспособени за децата со инвалидитет со инспиративни цели – за секое дете да може да учествува во празникот.

Маските вклучуваат картони што ги кријат инвалидските колички и се дизајнирани како кочија за шармантните принцези и пиратски брод за авантуристичките пирати. Картоните лесно ја претвораат инвалидската количка на детето во волшебна авантура.

Освен дизајните за деца во количка, „Таргет“ додаде и инклузивни костими за деца со посебна сетилна чувствителност.

Принцеза

Фото: Target

Пират

Фото: Target

Фото: Target

Ајкула

Фото: Target

Фото: Target

Еднорог

Фото: Target

Фото: Target



912

X