До мајката на каса во продавница со полна количка и дете што вреска и луѓе кои те гледаат.

Ќе биде во ред.

До мајката која го чита ова во моментов со бебе на градите и мало дете кое ја расплетува и последната ролна тоалетна хартија, додека се грижиш дека нема да ви стигне платата уште една цела недела.

Ќе биде во ред.

До мајката која седи надвор, само кратко, пуши цигара, со надеж дека ќе си ги смири нервите додека нејзиното дете трча низ калта во дворот – веднаш откако е избањато.

Ќе биде во ред.

Бидејќи имам една тајна да ви кажам, сите мајки се мачат.

Не ми е гајле што сте слушнале или виделе. Вие не сте сами.

Знам, бидејќи го пишувам ова додека се обидувам да смирам болно дете кое ми ги гребе рацете со ноктите, кои знам дека требаше да му ги исечам пред една недела. И штотуку сменив две пелени. Знам дека ги следите на „Фејсбук“ и ги набљудувате другите мајки, оние совршени мајки, како прават совршени работи со своите совршени деца, а вие плачете.

И јас го правам тоа.

Потребна е сета сила што ја имам, а тоа не е многу, за да запомнам дека тие ги објавуваат само забавните работи. Оние мајки што ги гледате, кои изгледаат како да ќе присуствуваат на модна ревија, со деца кои позираат како да припаѓаат во каталог на модели, и тие исто така мора да исчистат измет. Тие едноставно не го објавуваат тоа на „Инстаграм“.

Јас давам сѐ од себе. И знам дека го правите и вие истото.

До мајката на која ѝ течат солзи по лицето затоа што е толку исцрпена што не знае повеќе како ќе продолжи.

Ќе биде во ред.

До мајката која не успеала да облече пижами за време од викендот.

До мајката која гледа дека е 20:00 часот, а децата сѐ уште не ја завршиле домашната задача и се нервира што за вечера ги има само остатоците од оброкот.

До мајката која се крие во плакарот и очајно се обидува да остане сама две минути, без дете врзано за нејзината нога.

Знам дека се чувствувате осамени. Знам дека чувствувате оти тежината на светот е на вашите рамена. Знам дека имате проблем со спиењето навечер, а потоа се будите и повторно се соочувате со новиот ден и неговите неволји. Ќе биде во ред.

Можеби нема да ми верувате. И тоа е во ред. Но, сакав само да знаете дека не сте сами.

Затоа, продолжете да го правите тоа што го правите и знајте дека еден ден, во иднина, вашите деца ќе пораснат и ќе сфатат колку напорно работела нивната мајка. Колку љубов, болка и стрес имало во сето она што го направивте за да им го обезбедите најдобриот живот што би можеле да го имаат?

И знаете што? Ќе биде во ред.

Автор: Лиса Валтер

Извор



912

X