Овој период, повеќе од кога и да е, мајките се притиснати до нивниот максимум. Ги извршуваат дополнителните улоги на воспитувачи, домаќинки, готвачи, партнерки, терапевти, медицински сестри и што уште не – и сето тоа без помош. Не само што се затворени училиштата и игротеките, туку е и ограничен пристапот до саканите лица, со оглед на заштитните мерки. Како врв на сето тоа, бабите и дедовците, тетките, чичковците, роднините и пријателите, пропуштаат значајни моменти и прослави, на кои вообичаено би присуствувале лично.

Тука „Портал“ од „Фејсбук“ може да игра важна улога: надминување на празнината предизвикана од дистанцата и носењето радост на лицата на оние што ги сакаме за да се чувствуваме поблиски во овој луд период. „Портал“, уред за видеоповик од „Фејсбук“, лансира нова кампања во чест на мајките во САД кои се на првата линија на работа и дополнително ги завршуваат и обврските дома. Ова се неколку нивни приказни, кои ги вредуваат извонредните жртви што мајките секојдневно ги прават за своите пациенти и за општеството како целина.

Д-р Џојс Парк

Парк е дерматолог во Калифорнија, а вели дека нејзината мајка е нејзин најголем извор на поддршка во текот на нејзиниот постнатален период. Нејзината мајка ја посетувала на дневна основа за време на породилното отсуство за да ѝ помогне со бебето. Но, како и многу други, д-р Џојс не може да ги види родителите лично поради коронавирусот и тешко ѝ е кога ја нема мајка си покрај себе. „Знам дека има чувство како да пропушта моменти од растењето на нејзиното внуче. Дневната рутина ми е променета бидејќи обврските на работа се преголеми периодов, па се трудам секое слободно време да го поминам со синот“, вели д-р Џојс. Таа ја користи опцијата да им се јави преку видеоповик на своите родители. „Ова ми помага да ја почувствувам поддршката од родителите, а тие така ја одржуваат врската со внукот“.

Д-р Одри Круз

Најтешката работа за д-р Одри е што морала да го испрати синот надвор од домот. Како лекар, работи 7 дена во неделата во болница каде што се третираат пациенти со Ковид-19. Донела екстремно тешка одлука да го испрати 9-месечниот син да живее со нејзините родители привремено, за да го намали изложувањето на ризик.

„Да дојдам дома по долга смена и да не можам да си го држам синот во прегратка, беше една од најтешките работи што некогаш сум ги доживеала. Премногу ми недостига, но благодарение на Портал останувам поврзана со него и родителите. Кога ќе ги видам нивните лица, ми се осветлува денот. Следната недела се враќам во болница, но денес ќе поминам време со син ми пред повторно да го испратам кај родителите. Ја ценам секоја секунда што ја поминувам со моето дете“, вели д-р Одри.

Д-р Кијара Кинг

Гинекологот од Чикаго и мајка на едно дете, д-р Кијара Кинг, вели дека нејзиниот живот е сосема променет во последниот период. „Моето блиско семејство се расфрла како парчиња од сложувалка, а моето секојдневие сега вклучува учење од дома, додека создавам време за конференциски повици и пациенти. Даваме сè од себе за да останеме виртуелно поврзани и да одржиме чувство на нормална комуникација во овој неизвесен период. Иако работите сега се поинакви, засега успеавме да креираме долгорочни добри спомени, кои ќе го издржат тестот на времето“, вели д-р Кинг.

Д-р Дијана Лејк

Таа е лекар за итни случаи и разведена мајка на две деца со посебни потреби (аутизам и опсесивно-компулсивно нарушување). Работи од 12 до 14 смени во ургентен центар секој месец, а една смена трае од 10 до 12 часа. И покрај сета лудост, таа е благодарна што има работа во време кога многумина ја изгубиле својата и се чувствува почестено што може да ѝ служи на јавноста во овој тежок период.

Дијана повторно се среќава со синот откако не го видела 6 недели.

Брук Дин

Таа е самохрана вработена мајка од Квинс, Њујорк, која веќе чувствувала дека нема доволно часови во денот и пред Ковид-19 – сепак има систем и ресурси за да креира чувство на баланс во нејзиниот живот. Потоа дојде пандемијата и одненадеж распоредот кој мислеше дека не може да биде полуд се разбесна со пропорции на разурнувачко торнадо.

Наместо да работи во нејзината канцеларија во Њуварк, Њу Џерси, помеѓу 9 часот и 30 минути и 10 часот наутро и да заминува во 16 часот и 20 минути попладне, нејзиниот ден сега започнува во 8 наутро, а кога се буди се соочува со работни е-пораки кои биле испратени во 3 часот наутро. Начините што ги применувала за баланс во животот сега се исчезнати, но таа сепак успева да го одржува животот за себе и децата.

Ејми Крукс

Ејми Крукс е асистент во старски дом. Работи дополнително по работното време за да може да обезбеди средства за семејството во овој тежок период. Пред неколку недели мислела дека била во контакт со пациент со Ковид-19, па избегнувала да го држи своето бебе додека ги чекала резултатите. За среќа, пациентот со кој била во контакт бил негативен, па таа можела да му се врати на својот живот како мајка и асистент во домот.

Извор



912

X