Губењето килограми понекогаш е тешко за мајките што се зафатени и немаат време. Ова се неколку идеи што би можеле да ви помогнат.

Вие сте зафатена мајка, што значи дека секое време или енергија што ги трошите на губење на тежината и на здравјето треба да бидат одржливи и ефективни. Нема потреба од одење во фитнес-сала секој ден или од екстремни диети. Потребно е само да се држите до распоредот и до она што сте си го ветиле. Наместо да преземете големи чекори, започнете со мали.

Постојат само три причини поради кои не успевате да ги реализирате целите:

– Дигестивен дисбаланс;
– Недостиг на микронутриенти;
– Ментална/духовна блокада.

Дигестивен дисбаланс – дигестивниот тракт е познат како „вториот ум“ во холистичкиот здравствен свет. Треба да обрнете внимание на здравјето на дигестивниот систем ако имате ненаситен апетит, интензивна желба за шеќер и јаглехидрати, чести промени во расположението или раздразливост или проблеми со опстипација, дијареја и подуеност, слаба меморија или не сте забележале напредок и покрај тоа што добро се храните и редовно вежбате.

Дигестивното здравје влијае врз способноста на нашето тело да губи тежина. Прво, ако вашиот дигестивен систем е полн со вишок отпад, тогаш вашето тело не може правилно да ги апсорбира хранливите материи од храната што ја јадете. Ако вашето тело не ја добива потребната храна, тогаш можат да се случат две работи:

1. Секогаш ќе бидете гладни. Дури и кога сте изеле многу, хемикалиите во вашиот стомак ќе ги заобиколат сигналите дека сте најадени во обид да ги соберат виталните хранливи материи и

2. Ќе имате интензивни желби за јаглехидрати и шеќери.

Што треба да преземете?

Секојдневно пијте чај за поддршка на дигестивниот систем. Ќе ви помогне да го отстраните отпадот, создавајќи здрави микробиоми и чист простор за подобра апсорпција на хранливите материи. Подобрената апсорпција на хранливите материи е еднаква на подобрата контрола врз храната.

Земајте пробиотик. Пробиотиците содржат добри бактерии што ги разложуваат храната и отпадот во вашиот дигестивен тракт.

Пијте повеќе вода. Нека ви биде целта три литри вода секој ден. Пиењето вода предизвикува движење на цревата и му помага на вашето тело да се ослободи од отпадот и токсините.

Недостиг на микронутриенти

Недостигот на микронутриенти може да потекнува од дигестивен дисбаланс или консумирање стандардна исхрана. Магнезиум, јод и витамин Д се трите најчести недостатоци во хранливите материи.

Што треба да преземете?

Додајте повеќе продукти со хранливи материи во вашата исхрана. И не само во вашата, туку и во исхраната на целото семејство. Најчесто тоа се бадеми, црн грав, авокадо, спанаќ, лосос, 100 отсто темно чоколадо, семиња од тиква, банани, смокви, јајца, туна и сурово млеко.

Ментална/духовна блокада

За да ја спречите менталната или духовна блокада, треба да се обидете да го започнете денот со благодарност и афирмации. Едноставно размислете и кажете десет работи за кои сте благодарни, и повторувајте го тоа секое утро. Потоа кажете пет позитивни работи за тоа кои сте и кои ќе станете.

Излегувајте надвор барем 10 минути на ден. Интеракцијата со природата ги намалува нивоата на цитокин, што го намалува стресот. Оваа вежба функционира само ако обрнете внимание на природата. Затворете ги очите и почувствувајте го сонцето. Слушнете го шумолењето на лисјата. Длабоко вдишете свеж воздух. Синхронизирајте се и бидете присутни.

Практикувајте мини-јога. Мини-јогата е заснована на идејата дека можеме да оствариме големи придобивки од кратки јога-движења или медитација.



912

X