Објавата на мајката Кара Шук, кој има дури 30 илјади споделувања на „Фејсбук“, наиде на одобрување од страна на мајките низ светот. Погледнете што има таа да каже за своето искуство со „дивото дете“ т.е. дете со силна волја.

„Некогаш и јас бев од оние што гледајќи дете како во паркот, продавницата, на улицата прави сцена, би рекле – не би се однесувал тој така кога би имал некој да го воспита.

Но, изгледа дека некој горе имал план како да ме научи лекција што не сум ја знаела, а требало да ја научам. И како да ме натера самата да ги проголтам своите зборови.

Сега го имам она што некои го нарекуваат „диво дете“. Она што никогаш не се сопира. Она што не го слуша зборот „не“. Она што стои в ќош, зема туѓи работи, кое го праќаат да размисли малку за своето однесување и понекогаш добива „по задникот“. Она што е прегласно. Она што ви вели – е па, баш тоа ќе го направам, и тогаш кога му е кажано дека нешто не смее да прави.

Јас сум мајка која чувствува вина секоја вечер. Мајка која се прашува – дали бев престрога денес? СЕКОЈ ДЕН. Мајка која ги гледа погледите полни со осуда од непознати луѓе, па дури и од пријатели и семејството. Мајка која се соочува со болни коментари и која го гледа нејзиното дете како го третираат поинаку затоа што со него е тешко. Мајка која ги одбира своите битки и понекогаш ги остава работите да поминат, оние работи што сум рекла дека никогаш на своето дете не би му ги дозволила. Едноставно, затоа што кога не би ги одбирала битките, моето дете би било во неволја, секоја минута, секој ден.

 

Јас сум мајка на тоа дете со силна волја – диво дете. И се молам постојано да бидам доволно способна да го водам и учам како да биде добар и тие свои особини да ги користи за вистинските работи. Да се бори ако треба и сам против сите за да ја направи правилната работа. Никогаш да не му биде гајле што ќе речат другите луѓе или што ќе мислат за него, затоа што избрал да направи нешто за кое верува дека е вистинската работа.

Те гледам и разбирам, мајко на диво дете.

А вие другите, што немате таков предизвик во животот, ако сте и малку такви каква што бев јас, немојте. Бидете љубезни кон таа мајка што се бори бидејќи се бори посилно и повеќе отколку што вие, кои гледате отстрана, можете и да замислите.



912

X