Купивте ранче, кутија за ручек, папки, фломастери, боички. Избравте облека за првиот ден и патики што светат. Сè е подготвено за првиот ден во градинка – сè освен вие.

Постои нешто толку монументално во тоа што вашето дете тргнува во градинка. Тоа е пресвртница што доаѓа со мешавина на емоции, совршен пример за двојноста на мајчинството. Сакате да плачете и да славите истовремено. Можеби ќе ве остави да се запрашате дали сте единствената личност која чувствува толку многу различни емоции истовремено.

Во суштина, градинката е збогување со фазата на мало бебе и мало дете и посакување добредојде на едно понезависно дете во кое израсна вашето дете, навидум преку ноќ.

Некако непроспиените ноќи и борбите со доењето сега се само еден маглив сон. Навигацијата по постојаните тантруми на малите деца, пребирливото јадење и борбата за моќ повеќе не се ваш секојдневен предизвик.

Деновите што порано сакавте да ги нема сега навистина ги нема. Не е корисно за новите мајки да ја слушнат оваа клише фраза: „Уживај во секоја минута бидејќи минува толку брзо“. Но, во овој клучен момент изреката звучи вистинито.

Сега, оваа транзиција и овој важен животен настан за детето е доказ за вашата сила, упорност и истрајност. Повеќе не сте новопечена мајка, а вашето дете повеќе не е бебе. Возбудени сте поради слободата што доаѓа, но истовремено жалите затоа што времето помина толку брзо.

Ако и вие го испративте вашето дете во градинка оваа есен, знајте дека е во ред да ги почувствувате сите овие чувства што доаѓаат со овој монументален ден. Одвојте момент и оставете ги солзите да течат, а потоа прославете затоа што го заслужувате тоа.

Извор



912

X