Здравје

За коронавирус ќе се тестира во 14 центри со закажување преку матичен лекар. Обезбедени лекови и одобрен нов протокол за лекување

Во земјава се отворени 14 центри за тестирање на пациенти за коронавирус, а во Скопје тоа се поликлиниките „Јане Сандански“ и „Ченто“, објави министерот за здравство Венко Филипче. На тестирање може да се јави кој било граѓанин откако претходно ќе искомуницира со матичниот лекар. Матичниот, откако ќе направи разговор и преглед, доколку одлучи дека треба тестирање, ќе ја процени неговата итност и ќе го закаже. Матичниот лекар врз основа на состојбата и резултатите од тестот, заедно со колеги инфектолози со кои може да комуницира, ќе одреди што да се преземе и каде евентуално да се упати пациентот.
Закажувањето ќе оди преку системот „Мој термин“.

Филипче информира дека Комисијата за заразни болести и Централниот кризен штаб разговарале за зајакнување на мерките за граѓаните постари од 65 години и помлади од 18 години, за што ќе разговара и Владата.

– Обезбедивме терапија која според повеќе студии се покажува како соодветна за заболени, а ја применуваат повеќе земји. Стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово ја прифати терапијата за лекување и нејзина употреба, а се очекува и дозвола од Агенцијата за лекови и медицински средства -МАЛМЕД, по што таа ќе може да се аплицира – рече Филипче.

Министерот за здравство одговори дека надоместокот за отсуство од работа на бремените жени останува ист, како што било и досега и дека нема да се намали.

-Уште пред еден месец, кога се воведоа дел од мерките и препораките трудниците да бидат ослободени од работа, стручниот колегиум на гинеколошко-акушерската клиника изготви упатство кое официјално го достави до сите матични лекари, со цел тие да дадат и екстра здравствена услуга за бремените жени, за да не одат во клиника и да се создаваат гужви – истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Што значи дека овие мерки важат за сите бремени жени, а не само за оние кои се на патолошко боледување.

Министерот додаде дека бремените жени можат да се упатат и да се консултираат со матичниот гинеколог, додавајќи дека сите матични гинеколози имаат упастства по кои треба да се водат.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top