Колку пари ќе добие детето, зависи од одлуката на секое семејство и од тоа колку родителот може да издвои. Но, џепарлакот треба да се воведе бидејќи штедењето, планирањето и распоредувањето на парите му овозможуваат на детето да создаде здрав однос кон парите.

Детето треба да добие џепарлак најдоцна кога тргнува во училиште и тогаш родителите треба да заборават на тие пари, бидејќи повеќе не се нивни. Кога едно дете добива свои пари, родителите немаат право да располагаат со нив или да одредуваат како детето ќе ги потроши бидејќи тогаш џепарлакот ја губи смислата. Ако тие пари му ги дадете со доверба, детето може да сфати зошто е добро да штеди, како да штеди, како да ги распоредува и цени парите.

За детето да ја сфати смислата на џепарлакот, треба да ги избегнете овие грешки:

– Користење на џепарлакот како награда. Смислата на џепарлакот не е детето да го заработи со добро однесување или работа. Џепарлакот треба да биде фиксен и вие треба да се држите до договорот.

– Да се казнува детето со недавање џепарлак или намалување на износот не е добро, детето смета на тие пари, можеби и ги планира. Грешките што можеби ги направило немаат врска со џепарлакот.

– Барање сметки или запишување на трошоците на детето.

– Проценување колку работите што ги купило детето се добри или лоши со зборовите: „паметно“, „премногу“, „глупаво“…

– Давање преголема сума пари за детето да не може да почувствува што значи да штеди.

– Исполнување на секоја желба, покрај џепарлакот што го има.

–  Од џепарлакот детето да си купува училишна опрема, ранец или чевли, односно работи што му се неопходни. Секако, ќе се запрашате што да направите ако детето има посебни „скапи“ барања? За скапи брендови или нешто што детето многу го сака, а и му треба, на вашиот дел нека ги додаде заштедените пари.

– Присилување детето да штеди. Мора само да научи преку практика. Ако пребрзо ги троши парите, немојте да му ја полните касата бидејќи целта е да почувствува што значи да се чуваат парите за она што го сака, а не да ги троши без план.



912

X