Воспитување

За да ве слушаат децата, првин вие слушнете што сакаат да ви кажат

Семејниот живот би се одвивал многу полесно кога сите би можеле да научиме поефикасно да се слушаме едни со други.

Мамо, дали ме слушаш?

Минатата сабота мојата најстара ќерка го помина денот плачејќи. Кога седнавме сите за вечера на маса и кога ја прашав по стоти пат зошто има толку лош ден, мојата најмлада ќерка се вмеша и ми рече: – Бидејќи не слушаше, мамо. Таа ти кажа што сакаше да прави, неколку пати, а бидејќи не слушаше, таа почна да плаче.

Тоа ме натера да размислам. Мојата ќерка беше во право. Нејзината сестра сакала да добие шанса да ја игра омилената игра и помина часови правејќи го она што другите сакале да го прават, надевајќи се дека подоцна ќе добие нешто за возврат. Јас престанав да разговарам со неа кога почна да плаче. Ако го задушев чувството на фрустрација, ако застанев и ѝ ги дадев 20-те минути што ѝ беа потребни, ќе можев да ја спасам од болка.

Престани да зборуваш

Слушањето е вештина која родителите треба да ја совладаат. Родителите премногу брзо скокаат и нудат совети кога децата им приоѓаат со проблем. Ова, пак, води кон расправија бидејќи децата чувствуваат дека никој не ги слуша и дека нивните чувства се игнорирани. Обидете се да покажете емпатија и охрабрете го вашето дете кога ви кажува што се случило. Со тоа ќе им дадете шанса да истражуваат што се случило. Ова е стратегија што функционира кај малите деца и тинејџерите, па почнете да ја практикувате.

Имајте реални очекувања

Исто како и секоја друга вештина, слушањето бара вежбање ако сакате да се подобрите, а неговите темели се поставени во формативните години на детето преку слушање приказни и учење песнички со родителите. До периодот кога детето ќе тргне на училиште, тоа ќе биде во состојба да го даде своето внимание речиси 5 минути, додека постарите деца од основно образование имаат распон од 10 минути.

Дали ме слушна?

Лекот во средина во која лесно се одвлекува вниманието е да создадете директна врска: осигурете се дека слушателот гледа во вас додека зборувате. Инструкциите што ги давате треба да се едноставни и со максимум два дела (ве молам направете го ова, а потоа ова) и побарајте од нив да го повторат она што сте го кажале за да бидете сигурни дека тоа влегло во нивната глава.

Бидете конструктивни, а не лути

Утрата на семејствата започнуваат со битката децата да стигнат на училиште навреме. Викање, трчање, расправии – на крајот сите влегувате во автомобилот целосно исцрпени уште пред да започне денот. За да имате продуктивен ден во кој децата ќе ве слушаат, потребно е да ги организирате сите делови што претходно предизвикале одложување.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top