Воспитување

За да го подобрите односот со вашето дете, потребни ви се 15 секунди и едноставно прашање

Дали знаете дека постои една едноставна фраза што можете да ја користите, која за 15 секунди може да ви го подобри односот со вашето дете и комуникацијата?

Д-р Ребека Кенеди, светски познат клинички психолог, попозната како д-р Беки на социјалните мрежи, објаснува како можеме да ги направиме децата посоработливи и пољубезни.

Инаку, д-р Беки се борела со анорексија, што била една од причините за избор на кариера како клинички психолог.

– Не е важно колку години има вашето дете, можете да го искористите овој едноставен совет за да ги намалите проблемите во врската и комуникацијата. Седнете до вашето дете денес и кажете: – Размислував за нешто, па дојдов да те прашам, што мислиш дека би можела да направам за да бидам подобар родител? Дури и ако вашето дете одговори нешто бесмислено како да му давате повеќе благи работи, да му купите нов телефон или да го оставите да биде будно до полноќ, сослушајте го. Само со слушање можете да го промените начинот на кој вашето дете го гледа односот со вас и како се однесува – вели д-р Беки.

Таа додава дека колку и да е нереален одговорот на детето, немојте да се смеете или категорично да го одбиете. Не објаснувајте ни зошто не може. Наместо тоа, кажете нешто како: – Хм, објасни ми го тоа малку подобро. Што мислиш? Како би било тоа?

Замислете само ако вашиот шеф дојде кај вас и ве праша што може да направи за да ве направи подобар менаџер. И да ве ислуша внимателно. Замислете го тоа! – вели д-р Беки.

Па, дури и да не ги исполнува сите барања, самиот факт што прашал, слушал и се интересирал, секако е доволен за да почнете да го гледате со други очи, нели?

Таквиот став јасно кажува: те почитувам, се грижам за тебе, за нашата врска, за тоа како се чувствуваш и што мислиш.

Ваквите прашања градат цврста врска меѓу родителот и детето, а оваа клима на добри односи се прелева и во други аспекти од секојдневниот живот.

– Запомнете, вие градите ВРСКА. А со посилното поврзување доаѓа подобра соработка – заклучува д-р Беки.

Се разбира, таквите фрази не се магични ако немаме искрена и јасна цел да го поправиме односот со нашите деца и да преземеме одговорност за нашите грешки.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top