Младата мајка Лорена Хинави станала популарна на социјалните мрежи поради тоа што го споделила своето искуство за раѓање на две бебиња со само 11 месеци разлика. Набргу по раѓањето на синот, Лорена дознала дека е повторно бремена, а сега на социјалните мрежи го пренесува своето искуство од раѓањето две бебиња со разлика од 11 месеци.

„Дојдов дома од болница со едно бебе. Набргу потоа дознав дека сум повторно бремена. Сега моето бебе има бебе. Едвај чекам да ги гледам како растат“, вели младата мајка.

Синот Масимо пристигнал во нивното семејство на 27 ноември 2020 година, а ќерката Камила се родила на 26 октомври 2021 година.

@lorenahinnawi

Coming home from the hospital with one baby…

♬ I Cant Wait To Love You – NIKO MOON

Лорена ги нарекла своите бебиња „ирски близнаци“ затоа што се родени во рок од 12 месеци, објаснила таа во видеото што го споделила на „Тик-ток“. Луѓето често ги прашуваат како успеале да добијат две деца за толку кратко време, а повеќето од нив ѝ се восхитуваат.

„Не знам како го правите тоа, мора да имате полни раце работа. Секоја чест за вас“, е само еден од многуте коментари за поддршка што ги добива на социјалните мрежи.

Извор



912

X