Кој не сака интересна студија за деца? Студија спроведена во Данска и САД открива дека второродените деца е поверојатно да бидат бунтовни и да преземаат повеќе ризици за разлика од постарите браќа и сестри, а многу родители сега си велат: „Ја откривте Америка“.

Студијата испитувала над 2 милиона деца во Данска и во САД. Се истражувало како редоследот на раѓање на децата може да влијае врз нивните дисциплински проблеми на училиште, какво влијание има тоа врз малолетничката деликвенција и дали тоа може да придонесе за наклонетост кон криминал во возрасна доба. Авторите откриле интересни обрасци на однесување откако ги анализирале податоците:

– Второродените момчиња имаат поголема веројатност да покажат деликвенција за разлика од постарите браќа и сестри, додека кај второродените девојчиња не се забележува бунтовната нота.

– Нема доказ дека второродените деца се помалку здрави, всушност, тие се поздрави на раѓање и имаат помали шанси за појава на некакви нарушувања во детството.

-Исто така, нема доказ дека родителите инвестираат помалку во едукацијата и образованието на нивните второродени деца.

Недостиг на внимание

Истражувачите заклучиле дека времето што родителите го поминуваат со своите прво и второродени деца често се разликува – и тука може да се корените на бунтовното однесување.

– Сметаме дека разликите во родителското внимание се потенцијален придонесувачки фактор за празнините во деликвенцијата преку редоследот на раѓањето – велат авторите на студијата. Истражувачкиот тим се надева дека нивната работа ќе разгори понатамошна дискусија за родителското отсуство и истражување за најдобриот баланс за децата, мајките и татковците.

– Нашите откритија што се однесуваат на систематично различните дози на родителско внимание во раното детство, како веродостоен механизам, исто така предизвикуваат понатамошна дискусија за родителското отсуство како долгорочна социјална придобивка – напишале тие.

Автор: Пип Линколн

Извор



912

X