Време е за тиквички. Иако имаат многу благ вкус, тие се богати со многу витамини и минерали. Тиквичките се полни со антиоксиданси, влакна и витамини.

Сезоната на тиквички започнува на крајот на пролетта и почетокот на летото. Има зелени и жолти, вкусни се, достапни и ги има во многу рецепти.

Се смета дека една порција сечкани тиквички (една чаша) има само 21 калорија, 1,5 грам протеини, помалку од половина грам масти, 3,9 грама јаглехидрати, вклучувајќи 1,24 грама влакна и околу 3,1 грама (природен) шеќер.

Придобивки од тиквичките

Тиквичките се богати со антиоксиданси важни за поддршка на имунитетот

Тиквичките се богати со витамини А и Ц и мноштво растителни соединенија, вклучувајќи полифеноли и каротеноиди, група растителни пигменти. Сите овие микронутриенти се антиоксиданси кои му помагаат на телото да го намали воспалението и да се бори против слободните радикали. Слободните радикали се нестабилни молекули на кои, кога ќе им се дозволи да се акумулираат во големи количини низ телото, може да доведат до речиси секоја хронична болест.

Тиквичките содржат важни хранливи материи за здравјето на очите

Кога станува збор за одржување здрави очи и вид, тиквичките исто така можат да бидат корисни. Двата каротеноиди кои се наоѓаат во нив, лутеинот и зеаксантинот, се поврзани со подобрување на здравјето на очите, како и витаминот А. Лутеинот и зеаксантинот всушност се акумулираат во мрежницата, помагајќи да се спречат очните болести поврзани со возраста, како што се катаракта и макуларна дегенерација.

Тиквичките влијаат врз холестеролот и крвниот притисок

Тиквичките се познати по тоа што го поддржуваат здравјето на срцето, благодарение на содржината на влакна, калиум, магнезиум и витамин К. Во тиквичките ќе најдете пектин, еден вид растворливи влакна што се врзуваат за холестеролот во гастроинтестиналниот тракт, исфрлајќи го од телото. Исто така, внесувањето влакна може да придонесе за нормално ниво на крвен притисок, клучно за оптимално здравје на срцето. Во меѓувреме, калиумот и магнезиумот се електролити кои играат витална улога во нормалното чукање на срцето. И конечно, витаминот К е составен дел од здравото згрутчување на крвта, уште еден важен аспект на целокупното здравје на срцето.

Обезбедуваат влакна за здраво варење и микробиом на цревата

Растворливите влакна кои се наоѓаат во тиквичките се корисни за здрави цревни бактерии. Високата содржина на вода која се наоѓа во тиквичките не е само хидратантна – таа исто така помага во поддршката на варењето, и ја олеснува апсорпцијата на хранливи материи и ги спречува вообичаените проблеми како што е запекот.

Извор



912

X