Многу родителите што ги оставаат своите деца кај бабите и дедовците се плашат дека ќе се претворат во разгалени дечишта. Но, тоа не е баш вистина.
Ако имавте среќа да поминувате време со вашите баби и дедовци додека растевте, веројатно имате прекрасни спомени. Но, она што веројатно не сте го сфатиле додека сте поминувале време со нив е дека тие ве опремуваа со вештини што ви беа потребни за да станете посигурна и посреќна возрасна личност. Од помагањето на децата да се справат со стресни ситуации, како развод, до давање малку повеќе љубов и грижа, бабите и дедовците играат важна улога во благосостојбата на детето. Сега постојат и научни податоци за да го потврдат тоа.
Додека родителите мислат дека бабите и дедовците ги разгалуваат децата, науката тврди поинаку. Истражување спроведено на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија, децата што имаат блиска врска со бабите и дедовците имаат тенденција да имаат помалку проблеми и со однесувањето и со емоциите. Дополнително на тоа, децата имаат помалку проблеми кога комуницираат и одржуваат односи со врсниците. Истражувањето, спроведено од професорот Ен Бучанан од Одделот за социјалната политика и интервенција, опфатило повеќе од 1.500 деца и покажало дека зголемената вклученост на бабите и дедовците може да биде клучна за развојот на детето. Покрај тоа, истражувањето открило дека иако бабите имаат поголема улога во грижата за детето, дедовците им стануваат ментори на своите внуци.
Кимберли Агреста, коосновач на „Агреса психотерапи груп“ во Енглвуд, исто така забележала значајни придобивки кога бабите и дедовците се вклучени во животот на децата.
– Ако родителите редовно ги вклучуваат бабите и дедовците во животот на нивното дете, тоа може да развие вистинска емоционална блискост со бабата и дедото и да почне да ги гледа како извор на силна социјална поддршка. Така, детето ќе се чувствува како да има и други возрасни, покрај родителите, кои го сакаат и се грижат за него на ист начин и тоа го зголемува неговото чувство на стабилност и безбедност. Ова чувство на сигурност може да биде императив како што детето поминува низ неколку фази од животот – вели таа.
– Во потенцијални трауматични ситуации, на пример, развод на родителите или врсничко насилство на училиште, овие ситуации имаат помалку влијание затоа што детето во животот има и други луѓе со кои е поврзано и го поддржуваат – додава таа.
Ова е така затоа што бабите и дедовците генерално не ја преземаат родителската улога – нема казни.
– Бидејќи бабите и дедовците генерално не се одговорни за дисциплинирање и воспитување на детето, тие може да го сакаат малку послободно и побезусловно од родителот. Бабите и дедовците се богатство од знаење и информации и не само што можат да пренесат вештини од искуството во реалниот живот, туку и можат да го споделат своето минато со внуците. Може да служат како историчари, споделувајќи секакви традиции и приказни за тоа кога растеле нивните деца, што создава чувство на континуитет кај детето – вели Агреста.
Се чини дека е време да ги однесете вашите деца на посета кај баба и дедо!
Автор: Чанди Ганеш