Воспитување

Вредната мајка оди и на факултет и знае каде да купи диплома

Едната крајност е прекумерната, излишната заштита, која забавува и задушува. На детето не му се дава можност да покаже независност. Помошта е секогаш тука, дури и кога не ја барате.

Јас велам дека таквите родители се вредни. Вредната мајка му ја дава на детето саканата играчка пред тоа да ја достигне со ползење. Вредната мајка трча и го крева паднатото дете пред да се обиде да стане самостојно. Вредната мајка напамет го знае училишниот распоред, му ги прераскажува на своето дете поглавјата од учебникот, му ја подготвува училишната чанта, секогаш памети сѐ за него и не ја мрзи постојано да го потсетува. Подоцна вредната мајка оди на факултет почесто од нејзиното дете-студент, ги познава сите предавачи, знае каде да најде приватни професори и каде да купи диплома.

Тогаш вредната мајка работи на три работни места иако можела да се пензионира. Но, мора да му се даде финансиска помош на дете кое има средовечна криза, се бара себеси, смислата на животот, идеалниот животен сопатник… И додека детето го бара сето тоа, мајката мора да го храни.

Оваа прекумерна заштита не е секогаш со согласност со детето. Понекогаш тоа е против волјата на детето. Мајката оди на училиште, разговара со сите наставници за да ги реши проблемите на нејзиниот адолесцент. А адолесцентот се вцрвенува, протестирајќи: „Не доаѓај на училиште! Сите ми се смеат!“ Мајката е изненадена од тој бунт:
„Но, јас го сакам само најдоброто!“ За кого најдоброто? По правило, мајката малку да си ја олесни претераната грижа. Полесно е да се направи, да се одлучи, да се преговара отколку да се грижите дали детето ќе се снајде.

Другата крајност е отсуството на грижа. Родителска неконтрола.

Недостигот на соодветна грижа и контрола доведува до развој на рана независност. Принуденост – да додадам негативна нијанса. „Немам на кого да се потпрам“, заклучува детето од мали нозе. Не им кажува на родителите за проблемите што се појавуваат, туку се обидува да ги реши на начини кои му се достапни. Тие начини не се секогаш општествено прифатливи. А некои се нелегални: кражба, насилство, питање, скитање.

Помеѓу овие две крајности лежи соодветната грижа – во тој случај детето има можност да покаже независност и има можност да побара помош. Дали вашето дете сака да проба нешто самостојно? Одлично, дајте му ја таа можност, доколку тоа не претставува ризик за животот и здравјето. Бара совет? Дајте му совет. Сакате да направите нешто за него? Размислете за ситуацијата: има моменти кога детето навистина не може да направи нешто, а има моменти кога детето едноставно нема доволно самодоверба. Обидете се да ја разделите задачата на делови, на помали задачи кои се според можностите на детето.

Ако детето не бара помош, нека се снајде самостојно. Ако побара – помогнете. Само, правете го тоа со него, не наместо него. И не заборавајте да го забележите и пофалите тоа што навистина добро го направило. Ако не испаднало најдобро, но е подобро од вчера – пофалете го и тоа. Научете го вашето дете да ја забележува динамиката на промените – тоа мотивира бидејќи утре ќе биде уште подобро.

Објаснување со пример.

Детето изјавува дека не може да ја реши задачата.

-Во случај на претерана заштита, еден од возрасните ја решава задачата, ја запишува чекор по чекор по барање, детето треба само да ја препише во тетратката.
-Во случај на соодветна грижа, возрасното лице одредува што точно не е јасно.

Не можам да ја решам задачата!

Дали се обиде?

Не, не разбирам што се бара во задачата.

Што точно не разбираш?

Не разбирам.

…Сечачите исекоа еден хектар шума… Што не е јасно во оваа реченица?

Таму сè разбирам.

Тогаш што не разбираш? Нацртајте шема на поставената задача, како што ја разбираш, а јас ќе објаснам според шемата.

-Во случај на целосно отсуство на грижа, задачата на детето не интересира никого, исто како и ланскиот снег: „Кога бев на твоја возраст, сам/а учев.“ Детето оди на училиште со незавршена задача, надевајќи се дека ќе препише од некого на краток одмор.

Извадок од книгата „Учениците на мрзливата мајка“, Ана Бикова,

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top