Воспитување

Враќање на работа по породилното: „Како да бидам нејзина мајка ако не сум тука секој момент“

Откако ќе помине една година со бебето и официјалното родителско отсуство од работа, вработените мајки се враќаат на работните места. Породилното отсуство во сите земји е различно, а тоа е преубав нов период во животот на секоја мајка. Се подготвувате за бебето пред да се роди и потоа ја фокусирате целата енергија во зближување со бебето во првите месеци од неговиот живот, со сигурност дека ве чека работа кога породилното ќе заврши. Но, како што на тие денови им се приближува крајот, може да се појават одредени мисли и прашања.

Често тоа е стресен период, како за мајката така и за бебето. А тоа го почувствувала и Линдзи Мичел, мајка на девојче која не можела да се помири со враќањето на работа бидејќи била уверена дека повеќе ништо нема да биде исто.

Кога ќе се вратам на работа, нема повеќе да ѝ бидам мајка на Слоун – тоа беше мислата што ми поминуваше низ глава секој ден, како што ги броев деновите до враќањето на работа. Не е ни чудо што не можев да престанам да плачам. Не знаев како изгледа мајчинството во комбинација со кариера. Пораснав со неверојатна мајка домаќинка која ни го посвети животот мене и на моите браќа и сестри. Од друга страна, јас ќе поминувам приближно 2 часа дневно со мојата ќерка во текот на работната недела. Таа ќе ме заборави. А мене многу ќе ми недостига. Како да останам главната фигура во нејзиниот живот? Како да бидам нејзина мајка ако не сум тука секој момент? Имав чувство како да се подготвувам да го оставам моето дете да го одгледува некој друг додека јас гледам отстрана.“

Ако имате слични грижи, променете ги мислите во вашата глава. Не дозволувајте да ве обземат пред да се вратите на работа. Бидејќи 2,5 години подоцна стравовите што ги имав не можеа да бидат подалеку од реалноста. Без разлика дали работите или не, мајката е секогаш мајка. Иако не ми се допаѓаше овој аргумент претходно, сега ќе кажам дека тоа е вистина. На многу начини враќањето на работа ја зацврсти врската со мојата ќерка.

Никогаш не помислував дека ќе се чувствувам вака, но почнав да го ценам моето време поминато на работа, оддалечена од ќерка ми, кога двете имаме различни искуства кои се значајни и исполнувачки за нас. Потоа секоја вечер сме заедно, зборуваме за поминатиот ден и уживаме во заедничкото дружење. ⠀

Не е секогаш лесно. Ме боли срцето кога сум на состанок и размислувам дека во моментот не сум на фудбалскиот или гимнастичарскиот натпревар на Слоун. На крајот од некои долги денови, времето не е секогаш квалитетно поминато додека се борам да легнам на каучот и да соберам енергија за да се фокусирам на ќерка ми. Но, горда сум што можам да ја пораснам со пример на мајка која може да има кариера, а и да ѝ биде доволно посветена.“

Автор: Линдзи Мичел

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top