Воспитување

Возрасните никогаш не грешат: Тоа не е вистина, како ни следните родителски совети

Иако родителите обично се во право, постојат неколку совети што се навистина застарени.

Сè што е на интернет не е вистина

Се разбира, советите на старите баби понекогаш може да бидат корисни. Но, сепак, времето не застанува и на социјалните мрежи има многу интересни и практични препораки кои треба да се усвојат.

Возрасните никогаш не грешат

Дури и искусниот човек може да направи грешка. А годините што се зад вас не значи дека знаете сè.

Хранете го детето во согласност со часовникот

Всушност, вистината е оваа: ако детето не е гладно, нема да можете да го нахраните иако часовникот покажува дека е време за ручек. Слушајте ги желбите на вашето дете, а не отчукувањата на часовникот.

Послушното дете е добро дете

Докажано е: постојаната принуда доведува до големи психолошки проблеми. При воспитувањето на децата принципот на разумна слобода (но не и попуштање) функционира многу подобро.

Љубовта и преголемото внимание ѝ нанесуваат штета на дисциплината

Запомнете: вие не сте генерал, а вашето дете не е војник кој е должен да извршува наредби. Прегратката и бакнежот на мајката сè уште никого не повредиле. Дури и спротивно: како возрасни, вашиот син/ќерка ќе можат да ви дадат љубов вам, а и на другите.
Бидејќи, немојте да заборавите – она што детето не го добива во детството, нема да може да го даде кога ќе порасне.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top