Сигурно барем еднаш од родителите, бабите и дедовците сте ја слушнале онаа позната реченица: – Во мое време немаше ништо такво, јас сам одев на училиште, сам си правев сѐ. Иако денес многу работи се променија, некои стари вредности уште „држат вода“.

1. Бидете доследни – Ако кажете: – Престанете да се расправате или ќе одите в кревет, тогаш држете се до тоа.

2. Јадете заедно – Не можете да го направите тоа во работни денови? Нека биде барем неделниот ручек.

3. Оставете ги децата да учат од своите грешки – Утре треба да ја предаде семинарската по хемија? Немојте да му ја работите неговата работа. Оставете го да сфати дека еден ден вие нема да бидете тука за да му ја завршите работата. Најдобро ќе научи од своите грешки.

4. Испратете ги надвор да играат – Свежиот воздух никогаш никого не повредил.

5. Понекогаш е во ред да речете „затоа што јас сум родител“ – На вашето дете не мора да му ја објаснувате секоја одлука што ќе ја донесете.

6. Воспоставете куќен ред – Не е важно што родителите на нивните другари дозволуваат. Станува збор за ваш дом во кој важат вашите правила.


7. Научете ги да помагаат – Секое дете во домот може да помогне околу нешто. Ангажирајте го и учете го од мали нозе колку е важно секој да помогне во домот.

8. Некогаш мора да им биде досадно – Да, работата на родителите е да му овозможат храна на детето, облека и безбедност. Но, ако им е досадно, не мора да ги забавувате секој ден, по цел ден.

9. Некогаш и вие може да се забавувате без деца – Меѓу другото, немојте да заборавите на времето што возрасните треба да го поминат без деца.

10. Воспоставете време за спиење – Ова е важно за сите да можат да се наспијат и да бидат поодморени наутро, а не нервозни.

11. Ако не сака, не сака – Ако направите ручек и вашето дете не е задоволно од она што го има на маса, не нервирајте се. Дајте му две опции: земи или остави. Друг избор нека најде сам.

12. Научете ги на почит – Не дозволувајте вашите деца да не покажуваат почит кон вас или кон некој друг. Исто така, децата учат од вас, така што тоа се бара и од вас.

13. Научете ги на добри манири – Важно е да ги научите децата како да се однесуваат. Научете ги да бидат пристојни и научете ги на правилата на бонтон.

14. Нема привилегии – Децата мора да се соочат со последиците од лошите работи што ќе ги направат.

15. Бидете им добар пример – Иако ова е веќе споменато, вие сте им најдобар пример на вашите деца. Затоа, внимавајте што кажувате и како се однесувате.

16. Не дозволувајте им да ги прекинуваат возрасните додека зборуваат – Исто така, кога вашето дете зборува, не влегувајте му во зборот. Оставете го да заврши.

17. Бидете родител, а не пријател – Можете да се забавувате заедно, но мора да знаете кога да постапите како родител.

18. Гответе заедно – Супер начин уште повеќе да се поврзете и да го научите детето на животни вештини што му се потребни.

19. Раскажувајте им семејни приказни – Покажете им ги вашите фотографии кога сте биле млади, кажувајте им интересни приказни.

20. Организирајте традиционални собири – На пример, за именденот на нивниот татко нека се прави скара на одредено место.

21. Нека се дружат со бабата и дедото – Тоа е добро и за вас и за нив.

22. Држете се до реченицата: „Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш“ – Нема посебни третмани. Ниту за роденден. Ниту кога е направено нешто добро. Не смеете да попуштате.

23. Научете ги соодветно да се облекуваат – Важно е да ги научите дека кога одат на свадба, погреб или интервју за работа, тие мора да се облекуваат според пригодата.

24. Не заборавајте дека вие сте родителот – Кога ќе им кажете да ја средат собата, мора да ве послушаат.

25. Верувајте им на вашите инстинкти – Кога разговарате со докторот на детето или наставничката, верувајте им на вашите инстинкти за лесно да ја процените ситуацијата и да донесете одлука.

26. Научете ги да одржуваат хигиена – Важно е детето уште од мали нозе да научи како правилно да ги мие рацете.

27. Научете ги да почитуваат постари луѓе (и сите околу себе) – Ова е многу важно бидејќи ако немаат почит кон постарите, ќе изградат доста лош карактер.

28. Покажете им како да им помогнат на луѓето во неволја – Волонтирајте заедно. Речете им да му помогнат на некого во неволја. Нека учат од вас. Покажете им пример.

29. Одредете време за игра – Децата треба да играат, но и треба да знаат кога е време за игра, а кога треба да си дојдат дома.

30. Научете ги да го исчистат она што го оставиле зад себе – На училиште. Дома. Кај пријателите. Општо во животот.

Автор: Николина Живковиќ
Извор



912

X