– Воспитувањето на детето е клучно за неговиот успех во животот подоцна, вели педијатарот Лoра Џена, автор на книгата „Мозокот на детето: Негувајте ги денес вештините што ќе ја обликуваат неговата иднина утре“.
За да воспитате успешно дете во 21 век, не можете да го воспитувате исто како пред 30 години, тврди авторката, која во својот труд забележала дека водечките деловни луѓе, економисти и претприемачи поседуваат вештини кои најдобро се стекнуваат и усвојуваат во првите пет години од животот.

7 групи вештини клучни за успех во денешно време

– Вештините што треба да ги негувате се љубопитноста, комуникативноста, соработката, критичкото размислување, преиспитувањето, емпатијата, приспособливоста и носењето со неуспехот – оние што во градинката можат да се преведат како: „Употреби ги ушите, слушај го другиот и научи убаво да си играш со другите деца во песокот“, појаснува авторката, која смислила седум групи вештини што се клучни за успех во денешно време.

Првата група вклучува самоконтрола и концентрација, а втората се однесува на вештини кои ни овозможуваат добро да функционираме со другите, а тоа се јазикот и емпатијата.

Важен е ставот „јас го можам тоа“

– Третата група вештини се однесуваат на гледање на светот во форма на прашалник, односно љубопитноста која нè тера да го испитуваме светот. Следната група вклучува одлучност и став –„јас го можам тоа“. Уште една пожелна група на вештини која се нарекува „немир“ подразбира вештини кои нè поттикнуваат да ги оствариме целите и вклучуваат мотивација да работиме на себе. Во следната група спаѓа приспособливоста, која им помага на луѓето полесно да го надминат неуспехот. Последната група посакувани вештини ги опфаќаат оние што ја поттикнуваат креативноста и ни овозможуваат да замислиме каков би можел да биде светот – објаснува доктор Џена.
Таа додава дека најдобриот начин за негување на тие вештини се работите што родителите природно ги прават, како читање приказни на децата, пеење и разговори.

 



912

X