Во Грција постои обичај да се плукне трипати детето за да се избрка лошиот дух, лошата среќа и сè што е негативно.
Постојат различни култури, а со самото тоа и различни стилови на воспитување деца. Дознајте ги различните обичаи и методи во различни култури.

1. Солапур, Индија

Фрлањето бебиња е годишен фестивал во Солапур. Обично бебињата се фрлаат од кула висока 15 метри, а долу луѓе држат чаршаф во кој го фаќаат бебето за да не падне. Иако изгледа застрашувачки, досега не се случила несреќа – за среќа.

2. Бали

Во Бали на бебињата не им дозволуваат да ја допрат земјата додека не наполнат три месеци. Се смета дека доколку бебето ја допре валканата земја, и самото ќе стане валкано.

3. Источен Кејп во Африка

Кога детето ќе наполни три дена, обичај е да се помине низ чад од запалени лисја со посебен мирис. Интересно е дека децата што поминуваат низ овој ритуал не се вознемирени. Се верува дека на овој начин тие стануваат бестрашни.

4. Грција

Во Грција постои обичај да се плукне трипати бебето за да се избрка лошиот дух, лошата среќа и сè што е негативно.

5. Ирска

Традиционално, ирските двојки по венчавката чуваат парче торта од врвот сè до крштавката на нивното дете. Тортата им се послужува на гостите, а трошки од неа се ставаат на челото на детето за да биде благословено.

6. Кенија

Во Кенија родителите не го гледаат своето новороденче во очите бидејќи сметаат дека тоа е израз на авторитарност, а тие не сакаат да му даруваат таква моќ на детето. Мајките ги носат децата насекаде со себе, но не им попуштаат кога тие се вознемирени.

7. Виетнам

Родителите во Виетнам ги навикнуваат своите деца да користат нокшир така што користат свирче кога ќе почувствуваат дека тие имаат физиолошка потреба. Нивните деца, кога ќе наполнат девет месеци, веќе стекнуваат навика да користат нокшир – една година порано од децата на Запад.

8. Мавританија

Родителите во Мавританија веруваат дека човечката плунка може да ги впива зборовите, па така тие ги плукаат своите деца со зборови на благословување. Потоа ја размачкуваат плунката на лицето од детето за двократно да ја зголемат среќата.

9. Нигерија

Во Нигерија новороденчето го носат во семејно-наследена куќа. Еден од поблиските членови на семејството зема одреден зачин и откако ќе го изџвака, му го става на бебето в уста. Нигеријците веруваат дека на тој начин детето станува силно и здраво.

10. Централна Америка

Во централниот дел од Америка жените од племето Маи го капат своето бебе во студена, речиси замрзната вода за да биде здраво.

 



912

X