Почна со страв од коронавирусот кој веќе се ширеше во Кина, продолжи со цела низа протоколи, правила, работа од дома, онлајн-настава, маски и рестрикции. 2020 заврши со надеж дека најавената вакцинација ќе нѐ спаси од Ковид-19, па новото нормално ќе се врати на старо. Ви подготвивме цела низа информации не само за промените, кои неретко стартуваа од утре, новиот начин на образование, лекување, живот, родителство, воспитување…
Ова се нашите теми и истражувања што најмногу им го привлекоа вниманието на читателите во 2020.

Покачено ЦРП – има ли место за паника?

Терапијата дефинитивно зависи од етиологијата на состојбата, односно откако ќе се утврди што довело до зголемени вредности на ЦРП.

„Полицаецот што нè застана на пат до болница се израдува повеќе од мене“… Породувања за време на полициски час и Ковид-19

Ви ги пренесовме искуствата на 3 мајки, една породена во државна установа, друга во приватна, а третата во болница во Германија.

Секој викенд кај баба и дедо за да се одморат родителите. Ова ги фрустрира децата, вели д-р Марија Котевска-Димовска

Подолгата одделеност или честото минување ноќи далеку од своите родители, особено на многу мала возраст, е дискутабилно и може да го вознемири и фрустрира детето, вели д-р Марија Котевска-Димовска, вонреден професор психолог/гешталт-терапевт.

Зошто браќа и сестри се отуѓуваат и имаат студен однос како возрасни, објаснува психологот Стефановска

Децата, т.е. браќата и сестрите што добиваат еднаков третман од своите родители имаат повисоко ниво на меѓусебно самопочитување и самовреднување, располагаат со многубројни социо-емоционални вештини, кои ги прават повешти во социјалните и партнерските врски.

Вонредна состојба: Децата да шетаат надвор, но на безбедно! Им треба јонизиран кислород

Професорите на медицина објаснуваат колку и зошто е значајно присуството во природа, во услови кога голем дел од времето сме дома, но и потсетуваат дека многу внимателно треба да се избира каде ќе се оди.

Што ако сте имале контакт со заразен со коронавирус и има ли рецепти за зголемување на имунитетот, објаснува епидемиологот проф. Драган Даниловски

Погрешна е перцепцијата дека децата се поотпорни на инфекција. Всушност, децата еднакво се подложни на инфекција со вирусот, но кај нив или нема да има симптоми или тие ќе бидат лесни.

Зимски распуст 3 месеци, на настава 100 дена наместо 180… Какви сценарија се разгледуваат за новата учебна година?

Пред да почне тековнава учебна година, се размислуваше учебната година да трае од 1 септември до 10 јуни, но зимскиот распуст за основците и за средношколците да биде од ноември до февруари. Децата да учат по скратени наставни програми, да имаат поголеми распусти…

Родители, издржете храбро и скратете ги коментарите дека дома глумите наставници, вели професорката Наташа Лазарева

Како професор по македонски јазик и литература и добар познавач на образовниот менаџмент, сите овие години ја црпев инспирацијата за својата работа токму од децата. Несебично ја користев секоја минута посветена на нивниот образовен развој. Од сето тоа сфатив само едно, дека децата на која било возраст се само деца, битија во кои царува исконската природа, сè до моментот кога ги расипуваат зрелоста и борбата за живот. Правило за нивно снаоѓање нема, но насоки секако дека постојат, советува д-р Наташа Лазарева.

Бумбароски: Добри родители одгледуваат добри деца. Ова се моите 10 заповеди

Кој е вистинскиот рецепт за ДОБАР родител? Врз основа на долгогодишно искуство и разни истражувања, стручни лица направиле 10 правила, кои јас ги нарекувам заповеди, за УСПЕШНО родителство, пишува наставникот Гоце Бумбароски.

Мастурбацијата е нормален дел од развојот на децата. Како да реагирате?

Кај стручно лице психолог или детски психијатар можете да се обратите доколку: девојчето при допирањето се повредува, агресивно е, нема внимание и не може да следи други активности, допира други деца по интимните делови или, пак, ако повторно интензивно почне да мастурбира во јавност, одговара Јана Зенговска, лиценциран психолог, на читателско прашање.

Подготвен е акциски план за старт на новата учебна година, велат од МОН

Планот пред да почне учебната година нудеше неколку предлог-модели на организирање на наставата – настава по скратени наставни програми, скратена учебна година, редуцирање на бројот на ученици во училниците, работа во смени, настава преку далечинско учење.

Учење дома во вонредни услови: Никогаш родителот не може и не треба да го замени наставникот

Колку е важно наставниците да одржуваат контакт со децата за време на наставно-образовниот процес користејќи онлајн-комуникација? Како да им помогнеме на децата да не бидат збунети и да соработуваат со родителите во реализирањето на наставата?

Мојата 13-годишна ќерка има ритуали што ги прави секој ден во исто време. Загрижени сме

Имам девојче од 13 години. Пред околу 7 месеци почна во одреден период од денот да ги пресоблекува блузите. Ќе земе 4 блузи и една по една сите ќе ги пресоблече. По извесно време почна да го прави тоа во периодот од 23:30 минути до 00:30 минути… Ова е дел од читателско прашање на кое одговори психологот Радмила Живановиќ.

Застани! Требаше ли коронавирусот да нè потсети колку бевме залутале, порачува од Дебар психологот Адмир Косоврасти

Застани… Застани зашто и светот застана и размисли што е она што најмногу вреди и она за кое најмногу вреди да се живее, врати се кон базичните и исконските човекови потреби, научи повторно да сакаш и да бидеш сакан, да љубиш и да те љубат…, порачува психологот м-р Адмир Б. Косоврасти.

„Ќе ручаме, морам да се исклучам од час“… И за родителите треба кодекс на однесување при онлајн-настава

Децата првично не беа подготвени за онлајн-настава. Ги ослободува самиот факт дека се дома. Периодов се изнагледав еден куп комични ситуации. На пример, седат со нозете на бирото, јадат грицки на час и сите слушаме грицкање, лежат во спална, покриени со ќебе…



912

X