Игротека

Воспитувачка кажува во кои три парчиња облека никогаш не би го испратила своето дете во градинка

Размислувате за облеката и обувките во кои го испраќате вашето дете во градинка? Можеби треба. Воспитувачката Селест на својот тик-ток профил сподели три парчиња облека кои никогаш не би му ги облекла на своето дете за во градинка, како и причините за тоа. Нејзиното видео заинтригира многу родители и стана вирално.

Комбинезон

Ако не сте родител, можеби нема да разберете зошто оваа облека не ја препорачува личност која работи во градинка. Дел од работата на негувателката, па некогаш и на воспитувачката, вклучува менување пелени, а комбинезонот е прилично незгоден во такви случаи бидејќи мора целосно да биде соблечен.

Дизајнерска облека

Сите родители сакаат нивните деца да изгледаат убаво, но ова сепак може да биде претерано. Според Селест, во градинка често се случува децата да го истражуваат просторот околу нив, па нормално е да се извалкаат или да скинат дел од облеката. Затоа, нема гаранција дека ќе се вратат дома со недопрена облека, па затоа е подобро да заштедите и да одберете поевтини парчиња за кои нема да зажалите доколку се уништат.

Топлинки

Кога станува збор за топлинките, родителите треба да изберат топлинки што се закопчуваат со лепенка за да не им паѓаат постојано.

@shortdumbandblonde parents plz take note ? #childcare #dosanddonts #nooverallsplz ♬ original sound – ⠀ ⠀ ⠀ ⠀ ⠀ ⠀

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top