Секој сака неговото дете да порасне во добра, почитувана личност полна со разбирање. Но овие карактеристики не растат на дрво.

Секој човек што станува родител презема огромна одговорност. И, секако, секој сака неговото дете да порасне и да биде најдобро.

Правилното воспитување и личниот пример се она што ќе ви донесе успех кај детето. Затоа, потрудете се вашето дете да ги знае овие работи до неговата 10-та година.

1. Девојчињата и момчињата се рамноправни и треба да се почитуваат и едните и другите

Почитта е карактеристика на која треба да го научите вашето дете. Таа не познава пол и ги вклучува и своите врсници.

2. Децата не треба да се плашат да згрешат

Не секој може да учи од туѓите грешки. Затоа, важно е на вашето дете да му дадете до знаење дека и од сопствените порази може да се извлече добра порака. Научете го детето да не се плаши од неуспесите и грешките.

3. Оценките не се важни, важно е знаењето

Многу родители ги караат своите деца за секоја оценка што ќе биде под нивните очекувања. Но оценката не е секогаш показател на знаењето. Можеби вашето дете вешто препишува. Уште додека се мали покажете им дека знаењето е многу поважно од оценките во дневникот.

4. Родителите не се непријатели – секогаш може да им се обратите за помош

 

Покажете му на детето дека може да ви верува. Карањето и казнувањето не се начин детето да стекне доверба во вас.

5. Бранењето на сопствените ставови е важно

Родителите често пати им велат на децата дека наставниците, воспитувачите и другите луѓе имаат поголем авторитет. Но ова може да доведе до разни комплекси и неможност да се изнесе и одбрани сопственото размислување. Објаснете му на детето дека почитувањето на другите е важно, но дека постои ситуација кога мора да го брани својот став и дека некогаш мора да се спротивстави.

6. Не прави го она што не ти се допаѓа само за да добиеш нечие одобрување

Детето често не сфаќа дека во животот не е најважна популарноста. Покажете му преку ваш пример дека е најдобро да се биде добар и чесен, а не да се стане популарен газејќи ги сопствените начела.

7. Не плаши се да прашаш ако нешто не ти е јасно

Поставувањето прашања е нормална работа. Тоа е многу попаметно отколку само да се „изгледа паметен“ и ништо да не се сфати.

8. Секогаш кажувај кога не се чувствуваш добро

Ни слабите оценки ни строгоста не смее да биде причина детето да се плаши да каже дека не му е добро. Здравјето е најважно.

9. Почитувај ја природата

Колку често се жалиме дека ни се валкани улиците, а парковите преполни со ѓубре? Во врска со почитувањето на природата треба да започнеме од себеси, а потоа љубовта да му ја пренесеме и на детето. Ова е единствен начин да се постигне резултат.

10. Научи се да кажеш „не“

Научете го детето да каже не. На возрасните, на наставниците, на другарите, па дури и вам. Воспитајте личност, а не човек што безусловно ќе кима со главата.



912

X