Гингивитисот, односно воспалението на непцата на трудницата може да доведе до предвремено породување и мала родилна тежина на бебето. До овој заклучок дојдоа научниците од Универзитетот во Сиднеј (Австралија). Претходно канадските истражувачи откриле дека периодонтитисот (воспаление на непцата, т.е. ткиво околу забите) кај трудниците може да доведе до негативни последици, зголемувајќи го ризикот од предвремено породување.

Австралиските научници одлучиле да откријат дали полесната орална болест од пародонтопатијата – гингивитисот, болест која може да се спречи и добро да се лекува, резултира со слични последици. Истражувачите анализирале податоци од повеќе од илјада трудници. Анализата покажала дека нелекуваниот гингивитис кај трудниците е поврзан со значително зголемување на ризикот од предвремено породување и ниска родилна тежина на новороденчето. А успешното лекување на заболувањето на непцата за време на бременоста го намалува ризикот од предвремено раѓање за приближно 50% и ја зголемува тежината на бебето за приближно 100 грама.

Како што објаснил главниот автор на студијата, професорот Јорг Еберхард, поради хормоналните промени поврзани со бременоста, гингивитисот е доста чест кај трудниците – 60 до 75 отсто од трудниците страдаат од воспаление на непцата. Во овој случај, оралните инфекции имаат системски ефект врз целото тело. Гингивитот може да ослободи молекули поврзани со воспаление во крвотокот, како и бактерии кои стигнуваат до плацентата и предизвикуваат предвремено породување.

Притоа, и многу мали воспаленија во усната шуплина можат да предизвикаат слични последици, поради што е многу важно трудниците редовно да посетуваат стоматолог и навремено да ги третираат забите и непцата.

Извор



912

X