Воспитување

Волково добива градинка за 175 деца

Жителите на Волково добиваат прва градинка во својата населба, која ќе овозможи згрижување на 175 деца до шестгодишна возраст. Градинката ќе има голем кружен атриум со зеленило за безгрижна игра на децата, а во завршна фаза е и уредувањето на надворешното игралиште, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Градинката е објект изграден според највисоките европски стандарди, освен што е енергетски ефикасен, објектот располага и со лифт кој ќе овозможи целосна инклузија на децата со попреченост. Воедно покривната конструкција е изведена така што во иднина се отвора можност за зелен покрив.

Во соопштението се наведува дека преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, 16 општини во земјава добиваат нови градинки или преку градежни зафати го зголемуваат капацитетот за прием на деца. Три од нив се веќе пуштени во употреба, а 9 се во изградба. Со овие 16 градинки го зголемуваме опфатот за приближно 2.000 нови места во градинките.

За изградба на градинката во Волково се потрошени 87 милиони денари, и дополнителни 6,3 милиони денари за внатрешно опремување, се вели во соопштението и се додава дека проектот за подобрување на социјалните услуги го спроведува МТСП со поддршка на Светска банка.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top