42-годишната Тамара Грујиќ, автор на емисијата „Со Тамара во акција“, има усреќено многу луѓе низ Србија чии домови беа во лоша состојба. Сега Тамара гради друг вид дом со својот сопруг – го очекува првото дете. Водителката е во седмиот месец од бременоста.

Тамара не сака да зборува за медиумите за нејзината блажена состојба, но за еден медиум изјави: – Буквално ја доживеав мислата дека вредиш толку колку што си во состојба да подариш. Кој еднаш ќе доживее ваква среќа, до крајот на животот ќе сака да ги усреќува другите.

Фото: Ras Srbija

Водителката вели дека во Србија жените се оптоварени со непотребни работи – зошто сè уште не се во брак и немаат семејство, кога ќе имаат второ дете, дали се згодни или имаат вишок килограми…

– Не можам ни да замислам како им е на припадниците на ЛГБТ-популацијата што не смеат да живеат слободно. Постојат и позагрозени групи на кои никој не обрнува внимание. На пример, децата со посебни потребни кои родителите не смеат да ги однесат во парк бидејќи таму сите ќе ги гледаат чудно – вели Тамара.

Таа имала спонтан абортус на 33 години.

– Не остави голема трага врз мене, дури и во тој период мислев дека прерано останав трудна бидејќи Вук и јас само што почнавме да се забавуваме.

Тамара и Вук се венчале во 2012 година на одмор на Гибралтар. Водителката неодамна изјави дека ќе биде подобра како постар родител.

– Мислам дека ќе бидам подобра како постар родител бидејќи имам животно искуство. Со тоа ќе компензирам некои други работи. Мечтаам нашето дете да порасне со оваа емисија, во природа, на чист воздух, да си игра со деца, но да биде запознаено и со модерните технологии – вели таа.



912

X