Дали родителите можат, и на кој начин, да ги заштитат децата од вируси?
Се разбира дека можат. Еве неколку едноставни совети:

1. Погрижете се детето навреме да оди на спиење

Добриот сон е еден од главните фактори за зачувување на здравјето и подобрување на имунитетот.

2. Исхраната е важна

На детето треба да му се дава што помалку инфламаторна храна (храна која предизвикува воспалителни процеси во организмот: слатки работи, леб и млечни производи, тие создаваат шлајм и густ секрет кој може да го пролонгира воспалението на синусите, ушите, бронхитисот итн.).
Во исхраната треба да воведете што повеќе зеленчук, особено зелен, добри масти (кокосово масло, авокадо, свинска маст, маслиново масло), како и ферментирана храна полна со пробиотици (кисела зелка, туршија – без конзерванси). Неопходно е да се јаде овошје секојдневно, но не во големи количини.

Што се однесува дo пијалаците, на децата понудете им вода, чаеви без кофеин, како топла напивка може да им понудите „златно млеко“ – топло бадемово или кокосово млеко помешано со куркума, кокосово масло, цимет, мед и ѓумбир. Треба да се избегнуваат топли чоколада, газирани пијалаци, сокови. Вистински избор е смути направено од свежо овошје и зеленчук.

3. Обрнете внимание на хигиената

Кога децата ќе се вратат од училиште, погрижете се да ги измијат рацете, да ја пресоблечат облеката што ја носеле, а би било пожелно да користат спреј за нос со ксилитол и физиолошки раствор за да се убијат сите вируси што можеби биле донесени од колективот.

4. Засилете го внесот на витамини и суплементи

На детето дајте му повеќе витамин Д – маслен раствор (1000 интернационални единици на ден за деца помлади од две години, 2000 интернационални единици за деца од две до 12 години, возрасните – 5000 единици на ден). Исто така, неопходно е на малите деца да им давате и витамин Ц во што поприроден облик.

5. Избегнувајте групни собирања

Би било пожелно во овој период да избегнувате родендени, забави, одење на кино, возење во автобус (тоа што се мора – се мора, но ако не се мора, подобро е да прескокнете).

6. Секојдневно проветрувајте ја куќата

И кога надвор е најстудено, неопходно е барем на неколку минути да ја проветрите просторијата каде што престојувате.

На кој начин превенираме болести кај бебињата, а на кој начин кај деца од претшколска и училишна возраст?

БЕБИЊА

Најважни за имунитетот и превенцијата од болести кај бебињата се мајчиното млеко и маслен раствор на витамин Д. Капнување физиолошки раствор во носот (уште подобро е ако имате спреј со ксилтол и физиолошки раствор) и секојдневното испумпување на носето – се задолжителни.

ПРЕТШКОЛСКИ ДЕЦА

Што помалку играње, забави и групни средби! Исто така, воведете здрава и разновидна исхрана и суплементи.

ШКОЛСКИ ДЕЦА

Промена на облеката кога ќе се вратат од училиште, миење на рацете, добар сон, помалку стрес, спорт и активности – што повеќе движење (скокање на мала домашна трамбулина е доста добро да се активира протокот на лимфата и да закрепне имунолошкиот систем). Добрата исхрана и суплементите се подразбираат, како и здравите ужини на училиште – овошје, зеленчук, итн.

Штом детето почне да кашла, прво што би препорачала е да се даде висока количина витамин Д (со добар квалитет, маслен раствор, без други состојки). За децата помали од две години, препорачувам 10.000 единици на ден, во период од три дена, а за децата до 12 години – 20.000 единици на ден. Оваа висока количина витамин Д (20.000 единици се како да сме поминале два часа на плажа на сонце) е доволна да се засили имунолошкиот одговор на организмот и да му помогне да се избори со вирусот. Не препорачувам симнување на температурата со лекови бидејќи таа е многу важна во одбрана од болеста.
Доколку дома имате инхалатор, препорачувам да се направи раствор од солена вода и со тоа да се инхалира детето (1 чаша топла вода и 1 лажичка морска сол). „Солените соби“ исто така се од голема помош при ублажувањето на кашлицата и бронхитисот. Малите честички од солта кои се инхалираат можат да стигнат преку дишните патишта до алвеолите и ако постои инфламаторен процес или секрет – по пат на осмоза го вшмукуваат и ги „сушат“ белите дробови од секретот.

Најважни совети за заштита на децата од вируси
– здрава храна;
– доволно сон;
– намалување на анксиозноста;
– избегнување групни собири;
– суплементи/ферментирана храна,
– одржување хигиена: да се мијат рацете, бањи со магнезиумова сол и есенцијални масла, парење на синусите со ориганово масло, масло од чајно дрво и евкалиптус;
– проветрување на просториите;
– да не се пушат цигари дома и да не влегувате во куќата ако сте пушеле, а не сте се пресоблекле и не сте ги измиле рацете и косата;
– редовно чистење на јонизаторот (навлажнувач на воздухот) ако го имате, бидејќи собира мувла и бактерии.

Автор: д-р Биљана Узелац, специјалист-педијатар

 



912

X