Во основно училиште во Загреб, Хрватска, била организирана акција на која учествувале дури шест фризери кои им помогнале на момчињата да направат голема и благородна работа за поддршка на болен другар. За поддршка на момчето кое се бори со туморот, 60 ученици, поточно 60 момчиња од основното училиште „Лотршчак“ се одлучиле за мал, но убав знак на поддршка. „За нашиот драг пријател, ние сме со тебе, мислиме на тебе и се молиме за тебе“, објавиле тие на нивната фејсбук-страница.

Основното училиште „Лотршчак“ е првото училиште за момчиња во Хрватска, а сега тие решиле да го поддржат својот другар во најважната животна борба.

За жал, еден од учениците се бори со малигнен тумор и поради тоа морал да ја потстриже косата поради опаѓање од хемотерапијата, а во знак на поддршка истото решиле да го направат и неговите другари, а фризери им помогнале на малите деца да направат голема и благородна работа. „Љубовта е креативна и ова е само еден од начините на кои можеме да ја изразиме. Им благодарам на нашиот драг фризер Јосип, фризерката Маја и другите фризери, шест на број, затоа што беше потребно да се истражат 60 мали глави“, се вели во соопштението.

Автор: Ана Хлача

Извор



912

X