Здравје

Во „Жан Митрев“ успешно оперирано 21-месечно девојче со срцева маана, атрезија на пулмоналната артерија

Во клиниката „Жан Митрев“ беше успешно изведена сложена хируршка операција на 21-месечно девојче со вродена срцева маана. Здравствениот проблем бил забележан уште во текот на бременоста на мајката, а по породувањето била дијагностицирана атрезија на пулмоналната артерија (нарушување кај крвен сад што носи крв во белите дробови).

Поради сложеноста на оперативниот зафат, тој бил одложуван, а поради недоволно крв во белите дробови, детето брзо се заморувало, немало апетит и манифестирало други симптоми.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top