Во рамките на детската кардиохирургија, првпат во клиничката болница „Жан Митрев“ е поставен пејсмејкер кај 5-месечно бебе. Бебето со тежина од 4,5 килограми, инаку дете со Даунов синдром, успешно закрепнува по направената операција на атриовентрикуларниот септален дефект и се очекува наскоро да биде пуштено на домашно лекување.

Пејсмејкерот, кој првпат се става кај толку мало дете, е поставен поради нарушување на срцевиот ритам. Се работи за двојнокоморен епикардијален перманентен пејсмејкер.

Интервенцијата ја изведе екипата предводена од д-р Владимир Чадиковски и д-р Жан Митрев, во соработка со професор Никола Ѓоргов.



912

X