Игротека

Во Тимјаник ќе се гради мал дом за деца со попреченост

Во неготинското село Тимјаник ќе се отвори мал групен дом за деца со попреченост, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги посетила Неготино и селото Тимјаник, каде што заедно со градоначалникот на Општина Неготино, Тони Делков, се сретнала со локалните жители.

Фото: Википедија

– Недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат. Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање. Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа – вели Царовска.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top