И српскиот фотомодел Александра Добриќ го поздрави доаѓањето на „Светот на Биби“ во Србија. Таа на својот инстаграм-профил, каде што има повеќе од 120.000 следбеници, постира фотографии од своите деца како уживаат во сказните на Биби, кои од 1 декември почнавме да ги прикажуваме и на српски јазик на јутјуб-каналот „Бибин свет“.

Тимот на „Светот на Биби“ ѝ се заблагодари со мал подарок, кадифени кукли со ликот на Биби, Боби и Зази.
Добриќ е манекенка родена во Загреб, но од мала живее во Србија. Во 2012 година „Gentleman’s Choice“ ја смести на листата со 25 најубави девојки од овие простори.



912

X