Воспитување

Во спомен на Ана Франк – нејзините најубави цитати

Куќата на Ана Франк во Амстердам, каде Ана и нејзиното семејство се криеле за време на нацистичката окупација во Втората светска војна, денес е музеј во нејзина чест – неодамна објавени истражувања откриваат дека Ана починала порано отколку што претходно се мислело.

Претходно, Црвениот Крст процени дека Ана Франк починала од тифус на 15 годишна возраст некаде околу март 1945 година, само неколку недели пред концентрациониот логор Берген-Белсон да биде ослободен. Но, сега врз основа на сведочењата на очевидците и архивите од Берген-Белсен, Црвениот Крст и Меѓународната служба за следење, веруваат дека Ана починала еден месец порано, во февруари.

Веста е болен потсетник за тоа низ што се` поминала оваа млада девојка, но исто така потсетува на нејзините зборови, кои и ден денес во себе носат толкаво значење.

Дневникот на Ана Франк останува едно од најважните парчиња на пишан збор – сведочење на 13 годишното девојче за страшниот геноцид. Но, повеќе од тоа, Дневникот на Ана е прекрасна автобиографија на брилијантна млада девојка полна со надеж, потенцијал и храброст. Оваа година се навршуваат 70 години од последниот запис во нејзиниот дневник, а таа продолжува да инспирира со својот дух и храброст. Ве потсетуваме на некои од нејзините најубави цитати.

1. Колку е прекрасно што никој не треба да чека момент за да го подобри светот.

2. Чудно е што не сум ги напуштила сопствените идеали, затоа што тие изгледаат толку апсурдно и неоправдано. Сепак, јас се држам до нив бидејќи се`уште верувам, и покрај се`, дека луѓето се навистина добри во срцето.

3. Знам што сакам, имам цел, имам мислење, имам вера и љубов. Дозволи ми да бидам јас, и тогаш сум задоволна. Знам дека сум жена, жена со внатрешна сила и храброст.

4. Никој не станал сиромашен со давање.

5. Луѓето можат да ти велат да ја држиш устата затворена, но тоа не те спречува да имаш сопствено мислење. Дури и ако луѓето се многу млади, тие не треба да бидат спречени да го кажат она што го мислат.

6. Општо земено, мажите имаат голема почит во сите делови од светот; тогаш зошто жените не треба да имаат свој удел? Војниците и воените херои се почестени и празнувани, на истражувачите им е дадена бесмртна слава, мачениците се ценети, но колку луѓе ги гледаат жените како војници?

7. Помислете на сета убавина останата околу вас и бидете среќни.

8. Секој во себе има „парче“ добри вести. Добрите вести се тоа што не знаеш колку можеш да бидеш голем и одличен. Колку можеш да сакаш! Што можеш да постигнеш и колку е голем твојот потенцијал.

9. Она што е направено не може да се врати назад, но човек може да го спречи и да не се случи повторно.

10. Не мислам на бедата, туку на убавината што останува.

11. Долгорочно, најострото оружје е нежниот дух.

12. Пишувањето во дневникот е чудно искуство за некој како мене. Не само затоа што претходно не сум пишувала, туку затоа што ми се чини дека ниту јас ниту било кој друг нема да биде заинтересиран за размислувањата на 13 годишна девојка. Но, тоа и не е толку важно. Јас сакам да пишувам.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top