Воспитување

Во што е тајната на односот мајка-син?

Ени Рено е мајка на три деца и блогерка. Има две ќерки и син. Не верувала кога другите ѝ велеле дека врската помеѓу момчињата и мајките е различна. Сè додека не добила син. Ова е нејзината приказна.

„Моите првите две деца се ќерки, што за мене беше совршено. Ги сакам моите девојчиња. Ги разбирам девојчињата. Кога дознав дека нашето трето дете е момче, малку се исплашив. Што е со момчето? Се плашев дека нема да го разберам. Уште полошо, се плашев дека нема да го разберам. Уште подобро, се плашев дека нема да го сакам како своите девојчиња. Мајките на синови непрестајно ми велеа дека нема ништо на светот како врската меѓу мајката и синот. Тие нонстоп го кажуваа тоа, но јас не можев да замислам. Заклучив дека тие се едноставно мајки кои отсекогаш сакале синови, ги добиле и ги обожаваат. Не сакав да им кажам дека всушност не сакав син.

Потоа се роди нашиот син. И во следните седум години го доживеав она што тие мајки ми го велеа. Без разлика колку сум врзана за своите девојчиња и без разлика колку сме блиски, постои нешто помеѓу синот и мајката што е многу поразлично. Тешко е да се објасни зашто таа врска е различна – едноставно е. Една од работите за кои најмногу се плашев за имањето син е дивјаштвото. Нашата прва ќерка беше супер нежна, втората малку подива, но ниту една не можеше да се споредува со нивните роднини момчиња по дивиот настап. А нашето момче стигна на свет со дополнителна доза физичка енергија. Некои би рекле „вистинско момче“. Но, со таа енергија стигна и неверојатна блажина со која ја покажува љубовта кон мене. Кога мојот син се гали, неговото тело се топи. Додека беше во претшколска возраст, ме фаќаше за образите, ме бакнуваше по целото лице и ми велеше: „Мамооо, те сакааам толкууу многууу!“ Повеќе пати ми рече дека сака да се ожени со мене. Ме сака со сила и интензитет кои едноставно се поинакви од љубовта на моите девојчиња.

Додека сум прилично непопустлива за „кучешкиот“ поглед на моите девојчиња, на очите на мојот син потешко одолевам. Можеби е тоа затоа што тој е бебето во семејството, но мојот сопруг смета дека тоа не е причина. Тој така реагира на нашите девојчиња. Кога тажно ќе го погледнат, тој едноставно се топи. Мојот син може само малку да покаже шарм и јас сум готова. Навистина не очекував дека ќе биде толку различно. Не сум генерално една од оние што одредените однесувања им ги припишуваат на полот и секогаш ми звучеле малку сексистички описите на мајките со нивните синови кога велеле дека тоа се различни односи отколку со ќерката. Но и според моето искуство – вистина е. Момчињата едноставно ги обожаваат своите мајки. А чувството е обострано.

Сè уште сум несигурна и имам стравови околу воспитувањето на мојот син. И понатаму не би го менувала односот кој го имам со своите ќерки за ништо на светот. И понатаму повеќе можам да се поистоветам со своите ќерки. Но, мојот син исполнува место во моето срце за кое не сум ни знаела дека е тука. Односот со мојот мал син ме трансформира.

Мајки на момчиња и девојчиња – барем оние што јас сум ги запознала, може да се поистоветат со таа посебна врска. Постарите мајки ми рекле дека тоа обожавање и восхитување всушност никогаш не престануваат. Навистина сметам на тоа бидејќи срцето би ми пукнало ако биде поразлично. Моето слатко момче еднаш ќе стане сладок маж. Ќе има многу други љубови во својот живот, а јас ќе се тргнам кога тие ќе дојдат. Затоа што знам дека без разлика што срцето ќе го даде на друга, во него секогаш ќе има место за мене. Ништо не може да ја замени врската помеѓу момчињата и нивните мајки.“

Автор: Ени Рено

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top