Севернокорејските државни медиуми тврдат дека децата-сирачиња доброволно работат во рудници и на фарми. Корејската централна новинска агенција наведува дека стотици деца „мудро и храбро во цветот на младоста“ избрале да работат физичка работа за државата.

Не е познато на која возраст се децата, но од фотографиите може да се заклучи дека се тинејџери.

Групите за човекови права ја обвинуваа Северна Кореја дека ги принудува децата да работат, иако државата го негира тоа. Во февруари Би-би-си објави дека генерации воени заробеници од Јужна Кореја работат како робови во севернокорејските рудници за јаглен, обезбедувајќи пари за режимот и програмата за оружје на земјата. Се проценува дека околу 26 милиони луѓе живеат во Северна Кореја, каде што режимот има строга контрола над сите аспекти на општеството.

Неколку извештаи од државните медиуми велат дека волонтерите се занимаваат со физичка работа низ целата земја. Државната новинска агенција наведува дека 700 деца без родители пријавиле дека работат во фабрики, фарми и шуми. Претходно новинската агенција објави дека десетици сираци се упатиле во комплексот за експлоатација на јаглен во областа Чон, за да ја исполнат својата заклетва и да вратат барем мал дел од љубовта што ја добиле од партијата.

Во извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во 2020 година, Северна Кореја е обвинета за најлошите форми на присилна работа на децата.

Официјалните лица понекогаш испраќаат ученици на работа „да помогнат во завршување специјални проекти, како што се отстранување на снегот на главните патишта или исполнување на производствените цели“.

Исто така, се наведува дека децата на возраст од 16 до 17 години „биле запишани во младински градежни бригади во период од 10 години.

Тие, наводно, страдале од „физички и психолошки повреди, неухранетост, истоштеност и проблеми со растот, кои биле резултат на присилната работа“.

Северна Кореја постојано ги негира овие обвинувања.

Извор



912

X