Земјите низ светот измислуваат различни начини за учениците безбедно да се вратат во училиштата, откако ги затворија во март поради пандемијата на коронавирус.

Во училиштата и во градинките во Тајланд се воведени строги мерки за претпазливост и социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на вирусот.

Фотографиите покажуваат како децата седат на под, носат маски и играат во проѕирни кутии, додека постарите ученици имаат кутии на нивните клупи. Тајландскиот главен град Бангкок ги отвори вратите на училиштата на почетокот од јули за околу 250 ученици, откако беа укинати мерките за карантин. Училиштата мораа да затворат во март, а наставниците и училишната администрација го искористија времето за да ја подготват зградата за безбедно учење.


Поставени се мијалници и диспанзери за сапун пред секоја училница. Поставени се и екрани за социјално дистанцирање во училниците и во кантините. На влезот учениците мора да ги дезинфицираат рацете и да им биде измерена температурата. Од отворањето училиштето не забележало ниту еден случај на зараза. Училиштето избра да одржува строго социјално дистанцирање во обид да ги заштити персоналот и учениците, и покрај тоа што тајландската влада им дозволува на училиштата низ целата земја да ги релаксираат безбедносните мерки.



Се смета дека децата не се клучни во пренесувањето на вирусот, вели водечки експерт и додава дека отворањето на училиштата не би придонело за зголемување на стапката на инфекции. Неговото истражување, објавено во „Лансет чајлд енд адолесент хелт“, открива дека ризикот кај децата и вработените за пренесување на вирусот во училиштата е многу мал кога се воспоставува следење на контактите и менаџирање на епидемијата.


Извор



912

X