Најново истражување покажува дека најтешко им е на децата од средно училиште. Подобро кажано, најтешко им е на родителите на средношколците.
Истражувањето, спроведено од Државниот универзитет во Аризона и објавено во списанието „Девелопментал сајколоџи“, следело повеќе од 2.200 образовани мајки и деца, на возраст од детство до зрелост. Истражувањето ги проценувало благосостојбата на родителите, родителските вештини и целокупното чувство кон нивните деца.
Истражувачите откриле дека родителите на средношколците, на возраст помеѓу 12 и 14 години, поминале најлошо кога станува збор за родителството.
Родителите на децата на оваа возраст биле под најголем стрес или најдепресивни, додека мајките на доенчиња имале дури и подобра целокупна благосостојба.

Хипотезата е едноставна: грижата за доенчиња и мали деца е физички исцрпувачка, но кога потребите што треба да ги задоволите се ментални и емоционални, тоа почнува да зема данок.
– Како што децата се приближуваат до пубертет, предизвиците на родителството се многу покомплексни – вели професорката Сунија Лутар.
Постојат многу причини зошто средното училиште е вистинска борба: хормоните беснеат од пубертетот, почнувате да станувате свесни за социјалниот статус, вашиот концепт за себе почнува да се формира, а тука е и притисокот да бидете одлични на училиште, а и во животот.
– Мајките се оние што први одговараат на проблемите на децата, и тие мора да откријат како најдобро да понудат утеха и уверување бидејќи стариот начин, прегратки, љубовни зборови и приказни за спиење, повеќе не функционира – вели Лутар.
И како што сите знаеме, проблемите во реалниот живот не можат да се „излечат“ со ветување за сладолед или половина час ТВ или телефон. Така, иако животот е тежок понекогаш, се чини дека некои транзиции се подобри од другите. Можеби нашата неспособност да се справиме е проблем што не знаеме како, наспроти само недостигот на способност.
912