Во Пенсилванија, САД, е донесен закон со кој се забранува допирање на стомакот на бремена жена без нејзина дозвола.

Се чини дека во моментот кога жената ќе стане видливо бремена, нејзиното тело престанува да биде само нејзино. Одеднаш тоа е јавна сопственост, а секој човек – од продавачките во супермаркет до директорката во фирмата – не само што има мислење во врска со тоа како треба да се храни бремената жена, колку треба да се одмора и како треба да се роди детето, туку исто така мисли дека има право и да ја допира новата мајка.

Во сојузната американска држава Пенсилванија постои закон според кој се забранува допирање на стомакот на бремената жена без нејзина дозвола.

Овој закон не ќе може лесно да се спроведува (освен ако носите лисици со себе и извршите граѓанско апсење додека не стигне полиција на самото место). Но, постои надеж дека тоа ќе биде еден вид кампања за подигнување на јавната свест за некои бесмислени постапки на луѓето.



912

X