Воспитување

Во машките тоалети во Њујорк мора да има маси за преслекување бебиња

Според законот што стапил во сила на 1 јануари, мажите во Њујорк ќе можат да им ги менуваат пелените на своите бебиња во јавните тоалети.
Сите нови и реновирани објекти во Њујорк сега мора да имаат маси за преслекување бебиња во машките и во женските тоалети, за и двајцата родители да имаат еднаква можност да се грижат за своите деца.

Ендру Комо, гувернер на Њујорк,  го најави овој закон уште во април минатата година велејќи дека сите родители заслужуваат чист и сигурен простор за грижа за потребите на своите бебиња.
Новиот закон ќе се однесува на ресторани, продавници и државни објекти, пишува „Ју-ес-еј тудеј“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top