Дете со церебрална парализа, кое е заразено со морбили и има тешко воспаление на белите дробови, е во критична состојба на Клиниката за инфективни болести, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Од Клиниката за детски болести, пак, информираат дека две деца заразени со морбили, хоспитализирани кај нив, се во критична состојба.

Фото: Википедија

– Мерките што ги донесовме досега дадоа задоволувачки резултати – над 6.000 деца се веќе вакцинирани. Се надевам дека истата динамика ќе продолжи и натаму и во следниот период ќе имаме поголем број вакцинирани деца. Тоа е една од можностите оваа епидемија да заврши што побрзо. Сите деца што се невакцинирани се во исклучително висок ризик да заболат од морбили – додаде Филипче.



912

X