Мајката на малата Ицамара ја следела бременоста како и секоја трудница, редовно одејќи на гинеколог, но во 7. месец од бременоста лекарите на преглед со ултразвук забележале чудна творба во стомакот на бебето.

Првин помислиле дека станува збор за циста, но специјалистичкиот преглед со 3Д/4Д ултразвук покажал дека во стомакот на малата Ицамара се развива мало бебе, нејзина близначка.

Оваа појава е позната под името „fetus in fetu“ – облик на малформација слична на онаа кај сијамските близнаци. Се случува само на едно од 500.000 родени бебиња, а до неа доаѓа при самиот почеток на бременоста, околу третата недела кога јајце-клетката, поради одредена причина, не успева целосно да се подели на два дела од кои би се развиле еднојајчени близнаци. Тогаш поголемиот дел почнува да расте околу помалиот и во одреден момент целосно го усвојува. Тоа се случило и кај малата Колумбијка.

Брзо породување, па операција

За да не го загрози здравјето на малата Иџамара, медицинскиот тим извршил породување со царски рез, порано отколку што било планирано. По само еден ден на малата Ицамара ѝ била направена операција и бил изваден фетусот од нејзиниот стомак – малата близначка. Но бидејќи немала мозок, лекарите ја исклучиле можноста дека ќе преживее и дека ќе можат да ја спасат.

Ицамара е здраво бебе, а единствено необично на неа е малата лузна на стомакот.



912

X